Колачот наречен „лажна баклава“ е еден од омилените, затоа што освен што се приготвува многу лесно и брзо, има вкус на баклава, многу е сочен и неодоливо вкусен. Пронајдете го вашиот омилен рецепт меѓу нашите предлози (во првиот рецепт состојките се мерат со чаша, а во вториот со лажица). Еве што ви е потребно:

рецепт 1




рецепт 1

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за мерење се користи чаша од 200 мл): 4 јајца, 1.5 чаша шеќер, 1 чаша масло, 1 чаша млеко, 1.5 чаша гриз, 1 кесичка ванилин шеќер, 3 супени лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1.5 чаша мелени ореви, 0.5 чаша сечкани ореви. За сируп: 1.5 чаша шеќер, 3 чаши вода, 1 лимон

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 150 г шеќер (10 лажици), 12 лажици млеко, 12 лажици масло, 12 лажици пченичен гриз, 12 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г) и 200 г мелени ореви. За сируп: 400 г шеќер и 450 мл вода.

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: во подлабок сад скршете ги јајцата, додајте го шеќерот, па промешајте со кујнска жица-маталка додека шеќерот да се растопи и смесата малку да осветли. Потоа додајте го маслото и повторно промешајте за да се инкорпира.




Следно додајте го млекото, изедначете, па додајте го гризот. Повторно промешајте, па додајте ванилин шеќер, а потоа и брашно помешано со прашок за печиво. Добро изедначете, па на крај додајте ги мелените и сечканите ореви. Откако смесата ќе се изедначи, оставете ја настрана да отстои 10 минути.




Тепсијата (30 см) намастете ја и наросете ја со брашно на дното и страните, смесата промешајте ја и излејте ја внатре. Распоредете ја, израмнете, малку протресете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, половина час. За тоа време пригответе го сирупот:




Шеќерот и водата ставете ги во тенџере на оган, па откако ќе зоврие сирупот варете го 5 минути. На крај ставете ставете еден лимон исечен на тркалца (отстранете ги семките) и оставете да отстои 5 минути.

Со топлиот сируп рамномерно прелијте го врелиот колач. Одозгора наросете го со мелени ореви и оставете да се олади. Потоа изладете го добро и послужете го. Деталите погледнете ги ОВДЕ, а во продолжение прочитајте ја постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: изматете ги јајцата со шеќерот додека тој да се растопи, па додајте ги останатите состојки една по една непрекинато мешајќи, па на крај додајте ги и мелени ореви, и лесно со лажица промешајте од долу кон горе. Смесата ставете ја во намастен и набрашнет плех (20×25) и со лажица израмнете.

МАРОКАНСКА БАКЛАВА




Колачот печете го во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени. Оставете да се олади а во меѓувреме сварете го сирупот: водата со шеќерот да зовријат.

Изладениот колач исечете го на коцки, па прелијте го со топол сируп. Украсете со малку мелени ореви, па оставете на ладно место убаво да се олади пред послужување. Рецептот за мароканската баклава прочитајте го ОВДЕ.