Секоја болест, инфекција или повреда што влијае на лигаментите, меките ткива и тетивите, може да предизвика хронична б олка во коските и зглобовите. Болестите предизвикани од активностите на слободните радикали директно влијаат на нару-шувањето на структурата на коските.




Ако на вашето тело му недостига калциум или витамин Д, може да се развие остеопороза, а со тоа и б олка во коските и зглобовите. Возраста исто така има големо влијание врз кршливоста на коските, а лигаментите во областа на зглобовите веќе не се во состојба да ја издржат тежината на телото како порано. Многу жени ја доживуваат оваа б олка за време на бременоста, особено во третиот триместар.




Б олките во коските обично се локализирани и често се опишуваат како многу остри, особено кога се поврзани со фрак-тура. Што се однесува до б олката во зглобовите, таа обично е концентрирана на специфичен зглоб, а може да биде остра и интензивна.




Тогаш ‘рскавицата се троши и ерозира со текот на времето. Б олката може да се влоши со прекумерна физичка активност или како резултат на зголемување на вишокот килограми. Оток се јавува поради акумулација на течност во болни зглобови. Покрај тоа, зглобовите се видливо поголеми од вообичаено, а нивната форма е променета.




Постојат многу фактори кои можат да предизвикаат болка во коските и зглобовите, затоа е потребно да се консултирате со лекар пред да започнете со терапија со природни лекови.

Следниот природен лек со домати може да го користите само доколку не сте алергични на нив. Доматите се здрави и вкусни плодови кои кај нас се присутни преку целата година. Сепак, освен во салата или кечап во пица, доматите можат да се консумираат и во суперздрав напиток кој освен што ќе ги зајакне вашите коски, коса и ќе го подобри видот, ќе ви овозможи да се ослабите и од вишокот килограми.




Потребни состојки: 250 мл свежо цеден сок од домати, 50-100 мл вода, 1 прстофат сол или по желба, 1 прстофат шеќер или по желба. Постапка: Исцедете го сокот од домати преку газа или во соковник. Додајте ја и водата и по еден прстофат шеќер и сол или по желба. Употреба: Се препорачува да се пие 2-3 пати на ден секогаш свежо приготвен напиток.




Сокот од домати (свеж или зготвен) е одличен и содржи многу активни состојки, а ако го пиете редовно, може значително да почувствувате големо подобрување на здравјето.

Горчлива сол (ЕПСОМ сол) за елиминирање на б олката и вкочанетоста во коските и зглобовите. Овој вид сол содржи магнезиум сулфат кој го релаксира организмот и ја елиминира болката и вкочанетоста. Лесно се апсорбира во кожата, па затоа лекот делува брзо, речиси инстант.




Истурете две чаши горчлива сол во топла бања. Легнете во кадата и останете во неа следните 20 минути. Истуширајте се по третманот. Повторете го третманот неколку пати неделно за да забележите долгорочни резултати.

Ѓумбир. Локалната употреба на ѓумбир го намалува отокот во болните зглобови или коски и ја отстранува непријатноста. Го олеснува движењето и лечи бактериските и вирусните инфекции.




Ставете 50 г корен од ѓумбир во 200 мл врела вода. Откога водата во тенџерето ќе зоврие, тргнете го од оган, поклопете и оставете го да отстои околу 15 минути. Добиената смеса ставете ја во блендер додека да добиете кремаста паста. Нанесете го во подебел слој на болното место. Покријте го местото со памучна крпа, оставете да делува половина час, а потоа исплакнете со вода.




Маслиново масло. За време на третманот, циркулацијата на кр-вта е подобрена и се охрабрува обновување на ‘рскавицата и коскеното ткиво. Маслиновото масло го олеснува движењето и го намалува воспалението.




Процедете еден лимон и ставете го во тегла. Наполнете ја теглата целосно со маслиново масло и оставете ја да отстои на темно место две недели. Потоа процедете ја смесата преку газа. Третманот се одвива вака: намачкајте ги болните места со добиеното масло – по можност навечер и завиткајте со памучна крпа или газа на местото.