„Често слушам дека девојките имаат проблем со подготовката на кнедли за супа, им се растурале, немале убав облик или биле премногу тврди.. Всушност, тајната е во добриот сооднос на состојките и техниката за правење на кнедлички. Кога ќе прочитате како се прават, ќе ви станат рутина и ќе можете да ги правите мижејќи“, вели Милена во презентацијата. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА СУПА: 2 литри вода, 3 моркови, 2 компири со средна величина, 1 корен од морков, 2 коцки целер (третина или половина корен од целер), 500 г пилешко месо (батак, карабатак, грб), 1 мала лажичка сув зачин (вегета), 1 лажичка сол
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КНЕДЛИ: 1 јајце, 1 супена лажица масло, 1/3 лажичка сол, 1/2 лажичка прашок за печиво, 7 супени лажици гриз

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во 2 литри вода ставете претходно исчистени и излупени: морков, корен од магдонос, корен од целер, компири, како и пилешко месо по избор. Зачинете со по една лажичка сол и растителен сув зачин (додајте по вкус).

![]()
![]()
![]()
![]()
Ставете да се вари на умерена температура, а доколку се појави пена отстранете ја со лажица. Зеленчукот заедно со месото варете ги приближно половина час или додека да омекнат (месото треба да се одвојува од коската).

![]()
![]()
![]()
![]()
Извадете го зеленчукот во посебна чинија, а месото на некоја даска за сечење. Оставете да се подизлади за да можете да го исчистите од коските и кожата. Зеленчукот испасирајте го со виљушка додека да добиете пире (може да има и некое крупно парче).

![]()
![]()
![]()
![]()

Доколку ви е полесно, веднаш ставете го во блендер со малку вода и измиксајте го, а кашата вратете ја во водата кадешто се вареа заедно со месото. Месото пак, исечкјате го на ситни коцки, па додајте го во тенџерето.






Подготовка на смесата за кнедли: Во една чинија скршете го јајцето, изматете го со виљушка, додајте сол, прашок за печиво и неколку лажици гриз. Изматете добро, па додајте го остатокот од гризот. Повторно промешајте и на крај додајте една лажица масло.

![]()
![]()
![]()
![]()

Соединете и оставете пет минути да отстои, па со врела лажичка претходно натопена во супата, вадете од чинијата и спуштајте ги кнедличките во тенџерето. Варете уште 10 минути. Пред послужување во супата можете да додадете ситно сечкан свеж магдонос. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.
































