Оваа техника е нешто што сите ќе ве воодушеви. Доволни се неколку минути од вашето време, наутро или навечер, а вашето лице ќе заблеска и ќе се подмлади. Одвојте малку време за себеси, посветете се на вашата нега, изгледајте поубаво, помладо, а тоа ќе ве направи многу позадоволни и посреќни.
Изгледајте го видеото и научете ги движењата, па повторувајте ги секој ден, наутро или навечер, а ако можете и двапати во денот. Најпрво добро исчистете го лицето и нанесете неколку капки масло (кокосово, арганово, маслиново…), а потоа може да започнете со загревање како што е објаснето во видеото (под текстот).
Текстот за НМД.мк го приготви Мартина Христовска: Важноста на лимфната дренажа и масажата за целокупното здравје на организмот и убавината на кожата. Лимфниот систем е од витално значење за здравјето на секој човек.
Сознанието дека начинот на живеење покрај добри, носи и низа непријатни ситуации проследени со стрес, неправилна исхрана и намалена физичка активност – доведува до проблеми со кардиовадкуларниот систем и намалена циркулација како и многу други проблеми кои можат да предизвикаат насобирање токсини во телото односно во крвните садови и лимфата.
Лимфната дренажа е терапија при која со метода на притисок на точно определени делови од телото се потиснува наталожената меѓуклеточна течност. Со терапијата се поттикнува функцијата на лимфниот систем за побрзо да се излачат штетните материи од телото како и прекумерната течност.
Целиот третман доведува до состојба на опуштеност, намалување на отоците и болката, која евентуално била присутна претходно. Лимфата е безбојна водена течност која е богата со белковини и бели крвни клетки (лимфоцити). Оваа масажа овозможува истакнување на контурите на лицето, ги брише видливите знаци на стареење, но лимфната дренажа е добра и за оние кои патат од алергии, проблеми со синусите и чести главоболки.
Оваа масажа се однесува на лимфните течности кои се блиску до површината на кожата и помага да се исцедат нејзините токсини. Всушност лимфната дренажа е клучот за нашиот имун систем.
Ова се некои од коментарите од жените кои ја испробаа техниката:
-Ја правам оваа масажа секоја вечер во текот на еден месец, не само што лицето сега ми изгледа позатегнато и послабо, туку и тонусот на кожата ми е многу подобар! Забележав и дека веќе не ми виси кожата на образите, многу сум среќна!
-Со оваа масажа го започнувам секое утро и после целиот ден се чувствувам релаксирано. Многу ми помага.
-Ја направив оваа масажа наутро и неколку часа подоцна мојот дечко ме праша дали носам шминка на лицето. Јас не носев шминка!
-Веќе десет дена ја правам оваа масажа наутро и навечер и можам да речам уоооу, огромна разлика, дури за неверување. Пријателките ме прашуваат каде сум била да правам лифтинг и не ми веруваат дека станува збор за обична техника-масажа…
-Со месеци не можам да спијам убаво, ама откако започнав да ја правам оваа техника, сега спијам многу подобро и лицето ми е посвежо, благодарам!
-Луѓето го потценуваат допирот од масажата. Ова е толку многу релаксирачки, што дури се чувствувам како да сум медитирала.
-Само би рекла со еден збор – ефикасно, а со два збора – многу ефикасно!
-Имам Хашимото болест (автоимуно заболување што ја напаѓа штитната жлезда) и честопати лицето ми е отечено. Морам да кажам… Јас сум многу изненадена колку голема разлика има на моето лице откако започнав да ја користам оваа техника. Првпат се обидувам со вакво нешто и отсега натака секој ден ќе ја правам масажава. Многу сум среќна што “налетав” на ова видео!
Како што се чини, овој метод е 10 пати поефикасен и од најскапите креми во светот, а лицето може да ви го подмлади за најмалку 10 до 20 години од реалната возраст. На пазарот може да се најдат неверојатно голем избор на креми, серуми и препарати за подмладување, но ниту еден не може да се спореди со правилната масажа на лицето.
Иако и кремите даваат резултатите додека ги мачкате на вашата кожа, но сепак, штом престанете со нивната употреба, резултатите исчезнуваат како со рака однесени.
Од друга страна, тука е масажата на лицето. Таа е единствениот начин за да го вратите тонусот на мускулите и да ги избришете брчките од лицето, а резултатите да бидат долготрајни. Дури и дерматолозите се колнат во овој трик и на рачната масажа и даваат огромна предност пред скапите креми.
Кога редовно ги стимулирате мускулите со одредени движење, тие со текот на времето се затегнуваат и стануваат поцврсти, а со самото тоа и брчките стануваат помалку видливи.
Докажано е дека масажата навистина може да го трансформира целиот изглед на лицето, само доколку бидете упорни и редовно ја применувате оваа техника за подмладување.
Веруваме дека ова нема да ви предивика потешкотија, бидејќи потребно е да издвоите само 5 минути од вашето време. За да добиете квалитетна масажа не е потребно да одите кај професионалец. Одлични резултати можете да добиете и дома.
Во видео прилогот подолу има детално објаснување за тоа како треба да се изведува оваа масажа: