Со оваа пита секогаш се отсрамувам пред гостите…Откако го научив овој брз метод, сите ја сакаат оваа вкусна пита…Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
1.5 лажичка сол 7 г
3 чаши млака вода 600 мл
7.5 чаши сенаменско брашно 840 г

За премачкување помешајте:
110 г растопен путер
0.5 чаша масло 100 мл

За фил измешајте:
500 г спанаќ, ситно сечкан
1 главица кромид, ситно сечкан
1 лажичка црвен пипер
1 лажичка црн пипер
1 лажичка сол

ПОСТАПКА:

1.Во млаката вода растворете ја солта, па започнете постепено да го додавате брашното. Откако ќе се формира компактно тесто, месете го 7-8 минути на работна маса за да добие еластичност. Оставете го покриено да одмори 15 минути.

2.Кога ќе го штипнете одмореното тесто, тоа треба да се развлекува како гума за џвакање. Поделете го 14 еднакви дела. Обликувајте топчиња и покријте ги за да не се сушат.

3.Секое топче развлечете го во кора со големина на мала чинија, а потоа корите наредете ги во намастен сад (мешавина од путер и масло) и секоја посебно премачкјате ја со маснотија. Покријте ги и оставете ги да одморат 20 минути.

4.На намастена работна површина спуштете една кора и започнете постепено да ја растегнувате најтенко што можете.

Превиткајте ги малку двата краја за да добиете правоаголна кора, па на едниот крај наредете фил и внимателно свиткајте ролничка.

5.Постапката повторете ја со сите преостанати кори, а ролничките редете ги во лесно намастен плех. Питата одозгора премачкајте ја со масло и посипете ја со сусам.

6.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 190 степени, 50-55 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.