За почеток подгответе си шолја од 200 мл или малку поголема ако сакате (со една иста шолја се мерат сите состојки). ПОТРЕБНИ СУВИ СОСТОЈКИ: 1 шолја гриз, 1 шолја мелени ореви, 4 лажици брашно, 1 шолја шеќер, 1 прашок за печиво, 4-5 кесички ванилин шеќер.

ПОТРЕБНИ ВЛАЖНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 1 шолја млеко, 1 шолја масло, 4 рендани јаболка. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо за готвење, 3 лажици масло.




ПОСТАПКА: Мал совет за јаболката кој сум го добила од поискусни домаќинки: не мора да се рендаат, туку да се сомелат во мултисечко, измиени, со извадени семки, а нелупени (ако не се прскани) – побрзо е, а ништо не пречи.




Ги мешаме сувите состојки, па полека во нив, пред да го печеме колачот ги додаваме влажните, нежно промешуваме и излеваме во намастен и набрашнет плех или калап (за повисок колач се користи помал калап, за понизок – поголем).




Се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час, но се испробува со чепкалка – да не се лепи. За глазура: Чоколадото со маслото растопете го на пареа, а потоа рамномерно прелијте го врз колачот. Исечете го на коцки. Колачот се јаде и топол и ладен. Ако дочекате колачот да се олади, повкусен е таков.




II РЕЦЕПТ: Вкусен колач кој се подготвува од неколку состојки, а совршено одговара со чај или кафе. Базата е џем по ваш избор. Многу лесен и брз рецепт кој секој може да го подготви. Ќе ви одземе само 5 минути подготовка, а ќе ви донесе двојно повеќе уживање.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г џем, 1/2 лажичка сода бикарбона, 3 јајца, 50 мл масло, 200 г брашно, 50 г јаткасти плодови или суво овошје по избор. Јас за подготовка на овој колач користев ситно сечкани ореви.

ПОСТАПКА: Колачот се подготвува многу лесно од неколку едноставни состојки. Во еден сад додајте џем по ваш избор заедно со половина лажичка сода бикарбона. Измешајте ги состојките со жица за матење додека да добиете компактна смеса.




Во друг сад скршете ги трите јајца и малку изматете ги со миксер. Потоа додајте 50 мл масло додека сè уште матите со миксерот. Кога ќе се соединат состојките, додајте го брашното просеано низ сито и продолжете да ја матите смесата со миксер до формирање на пенаста структура.




Ситно исечкајте ги оревите или некои други јаткасти плодови или суво овошје. Џемот постепено преливајте го во смесата со јајце и матете со миксер додека сè да се соедини. На крајот се додаваат ситно сечканите ореви и смесата се промешува за последен пат.




Смесата се прелива во намастен и набрашнет калап со флексибилен обрач (со пречник 17 см) и се става на печење во претходно загреана рерна на 170 степени, 35-45 минути. Колачот има многу убав ароматичен мирис и е многу вкусен.




При печењето ќе се подигне смесата, а на врвот најверојатно ќе распу-ка. На излед многу потсетува на вулканска ерупција, па во некои краишта се нарекува по тоа име. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.