Како и многумината, веројатно и вие го сметавте мајонезот како состојка од која се приготвува вкусна руска салата, намаз за лепчиња и сендвичи, како и состојка на бројни вкусни сосови. Меѓутоа, се чини дека мајонезот имал и некои други употреби за кои пишуваат искусните домаќнки во групите за домаќинство.




Иако мајонезот е омилен додаток на многу јадења, верувале или не, тој може да биде корисен во бopбата против некои упорни дамки и нечистотија, а исто така, може да сокрие и некои недостатоци на мебелот. На кој начин, прочитајте во продолжение на текстот, пишува НМД.




1.Отстранете ги дамките на дрвениот мебел

Дали се појавиле досадни, бели прстени на вашиот дрвен мебел? За новите маси, едноставно ставете малку мајонез на хартиена салветка и притиснете во самата дамка, оставете ја да отстои околу еден час пред да ја избришете. Потоа пребришете го местото со чиста крпа и ќе забележите дека добро ќе се изгланца.




2.Освежете ги домашните растенија

Направете ги вашите собни растенија сјајни (особено оние тропсите кои имаат големи листови на кои обично се таложи прашина), така што претходно ќе ги измиете листовите, а потоа ќе истриете мала лажичка мајонез со влажна крпа.




3.Исчистете го нерѓосувачкиот челик

Отстранувањето на лепливи отпечатоци од прсти или други нечисти остатоци од апаратите направени не’рѓосувачки челик е едноставно исто како што е едноставно да се извади теглата со мајонез од фрижидерот.




Само премачкајте го валканото место со тенок слој мајонез и потоа веднаш избришете го. Ова особено се однесува на шпоретот кој без преголем труд ќе блесне како нов, особено деловите околу прекинувачите и ринглите.




4.За подмачкување на шарките

Ако некој кујнски елемент или врата од собата крцка при отворање, мајонезот и овде може да го реши проблемот. Едноставно ставете малку мајонез на крпа, детално избришете ја проблематичната шарка и ќе се ocлободите од непријатниот звук.




5.Отстранете ја бојата

Додајте малку мајонез за да ги отстраните сите заталкани капки боја што можеби ги испрскале вашите плочки, прекинувачите за светло, украси или рачки. Маслото во мајонезот помага во разградување на обоеното масло. Клучно е да нанесете мајонез пред премногу да се стврдне бојата, бидејќи полесно ќе се отстрани.




6.Сјај на косата

Мсјонезот може да ги замени скапите балсами, пакувања и маски за коса. Едноставно нанесете мајонез како што се нанесува фарба за коса, почнувајќи од коренот, долж праменот, додека да ја опфатите сета коса.

Покријте ја главата со кеса и оставете да делува 1-2 часа, а потоа исперете вообичаено. Повторувајте двапати седмично и ќе забележите дека косата станува поздрава и многу посјајна.