Потребни состојки:
350 г бисквити
200 г орев
100 г карамел бонбони
125 г путер/маргарин
150 г чоколадо
100-200 г шеќер
200 мл вода или млеко
Постапка:
Во вода или млеко додадете шеќер па растопете ги карамелите, додадете 50 г чоколадо и путер.
Бисквитите искршете ги поситно и додадете сечкани ореви. Додадете ги растопените карамели и сето добро изедначете го.
Плехот обложете го со хартија за печење, па излејте ја смесата и добро притиснете.
Оставете да излади во фрижидер, па прелијте со растопено чоколадо.