Рецепт за смеса со чувар куќа и неколку други состојки за лекување на миоми и инфекции. Бројни жени се соочуваат со проблем од појачан кисел секрет од кој произлегуваат непријатни мириси.

РЕЦЕПТ ЗА ПРИРОДЕН ЛЕК

Потребни состојки:

1 кг мед
15 лимони
400 г чувар куќа
15-20 чешниња лук
400 г ореви

Постапка:

Сите состојки сомелете ги (2-3 лимони сомелете ги со кора (без семки), а од другите исцедете го сокот), па ставете ги во тегла и добро соединете со мед. Складирајте во тегли и чувајте во фрижидер. Консумирајте по една лажица секое утро на гладен стомак, пред појадок или чај.

Со оваа смеса може да се лекуваат цисти и миоми, секако под надзор на лекар. Важно е редовно да се следи состојбата на миомот од страна на вашиот гинеколог. Со помош на овој рецепт ќе се ослободите и од сите неугодни мириси произведени од секретот.

Напомена: Во случај да не можете да најдете свежа чувар куќа, истата може да ја замените и со листови од алое вера.

Исто така, треба да обратите внимание и на бојата на вашата менструација, бидејќи токму бојата може да ви открие многу за вашето здравје. На пример, светло розова боја на влошката може да сигнализира ниско ниво на естроген и може да биде знак дека ќе добиете остеопороза подоцна во животот.

РОЗОВА БОЈА

Може да укажува на ниско ниво на естроген. Ваква боја често имаат спортистите, особено оние кои се бават со трчање, бидејќи токму ова предизвикува пад на естрогенот. Треба да се внимава, бидејќи некои студии пронашле поврзаност помеѓу падот на естроген и појава на остеопороза подоцна во животот.

ВОДЕНЕСТА

Речиси безбојна или многу светла розова менструална крв укажува на дефицит на нутриенти, па дури и рак на јајници. Во секој случај побарајте совет од гинеколог.

ТЕМНО КАФЕАВА

Темно кафеава или темно црвена може да укажува на “застарена” крв која била заглавена во внатрешноста подолго време. Никој не знае зошто тоа се случува, но засега се смета за нормално.

ГУСТА И СО ГРУТКИ КАКО ЏЕМ

Густата менструална крв со грутки упатува на тоа дека имате ниско ниво на прогестерон, а високо ниво на естроген во организмот. Доколку грутките се големи и ги има многу, тоа значи дека патите од хормински дисбаланс. Исто така, фиброиди во вашата матка би можеле да бидат причина за ова. Оваа состојба не треба да ве плаши.

СИВО-ЦРВЕНА БОЈА

Може да укажува на две работи: ако не стре бремени, тоа е сигнал за STD/STI инфекција, или ви изостанала барем една менструација, и може да значи рано пометнување.

БОЈА НА БРУСНИЦА – Се смета за здрава боја.

ПОРТОКАЛОВА – укажува на можна инфекција, особено ако е проследена со лош мирис и болки.

Во секој случај доколку се двоумите, најдобро е прво да се консумтирате со вашиот лекар.