Чајот од куркума е лековит напиток кој се користи во азис-ката медицина веќе со векови. Еве како влијае врз човековото здравје… Куркумата долго време се користи во азис-ката кујна, но и во медицина, но сè повеќе го наоѓа патот до европските и другите кујни и на полиците со зачини.
Оваа билка најдобро е позната како зачин за многу јадења, но таа е многу повеќе од тоа. Не само што додава интересна арома каде и да се најде, туку има и големи здравствени придобивки, а сè уште се откриваат нови.
Куркумата е растение чиј корен се користи за да се направи препознатлив портокалов прав, а состојката што ја прави толку здрава е куркуминот. Тоа е сродно растение со ѓумбирот, поради што нивните корења визуелно се слични еден на друг.
Покрај тоа што се користи како зачин во прав, може да се кон-сумира и во форма на чај, на два начина. Едниот начин е да исецкате дел од коренот и да го ставите во врела вода, а другиот начин е да истурите куркума во прав во врелата вода, со додаток на ѓумбир и мед по желба. Кои се сите здравствени ефекти на овој чај, прочитајте подолу.
Го зајакнува имунолошкиот систем и спречува воспаление
Куркуминот делува како моќен антиоксиданс кој ги неутрализира штетните слободни радикали и со тоа придонесува за рамнотежа во организмот. Во пракса, ова им помага на клетките на имунолошкиот систем да останат здрави и да си ја завршат својата работа, односно да се бо-рат против настинки и други болести.
Куркуминот исто така, помага во спречување на воспаленија и ги ублажува симптомите поврзани со алергии, псоријаза, дијабетес, кардиоваскуларни болести, деп-ресија, артритис, па дури и Алцхајмерова болест.
Го подобрува р асположението
Куркумата не е корисна само за луѓето кои веќе имаат здравствени проблеми, туку и за оние кои се целосно здрави. Куркуминот ја ублажува напна-тоста во мускулите и некои истражувања покажале дека позитивно влијае на нашето располо-жение, а истовремено добро влијае и на концентрацијата и памтењето.
Добра е за кожата
Неодамна се појавија податоци дека куркуминот влијае и на кожата и помага во ублажување на многу дерматолошки проблеми.
Куркумата може да се користи и за правење маска за лице за подобрување на овие ефекти, но засега се чини дека секој внес на оваа состојка во организмот има корисни ефекти врз кожата, што е секогаш добра вест.
Го штити црниот дроб и го подобрува метаболичкото здравје
Црниот дроб е многу важен ор-ган и треба да се заштити колку што е можно, а се чини дека внесувањето куркума дефинитивно помага во тоа. Покрај тоа, куркуминот го намалува нивото на шеќер во кр-вта и кр-вниот притисок и индиректно влијае на спречување на дебелината.
Потребно е секако повеќе истражување со поконкретни детали, но една чаша од овој топол напиток барем од време на време е исто толку добра за нашето тело.