Многу брзо и многу вкусно слатко од јаболка, пригответе си барем мала количина за да го пробате и да се засладите со кафето. Она што е најдобро кај ова слатко е што се пригутвува многу брзо, за 10 минути е готово – Павлоска.
Потребни состојки: 1 кг јаболка, 900 г шеќер, 200 мл вода, 1 ванилин шеќер, 1/3 лажичка лимонтус и 100 г ореви по желба може и повеќе.
Постапка: одберете убави, здрави јаболка, по можност да бидат тврди, зелени, да не се ајдарет или делишес бидејќи тие брзо се распаѓаат. Ставете шеќер и вода да зовријат, како шербет. За тоа време јаболката излупете ги, исчистете ги, пресечете ги на четвртинки.
Четвртинките може да ги пресечите на плочки со дебелина од околу 4-5 мм. Кога шербетот ќе започне да врие, ставете ги внатре јаболката и оревите, затресете го тенџерето и оставете да се готви 10 минути. Пред самиот крај ставете ванилин шеќер и лимонтос.
Готово е. Покријте со кујнска крпа и оставете така 10 – тина часови. После тоа складирајте во теглички. Ова слатко можете да го приготвувате преку целата година, а по вкус во него може да додавате ореви, лешници, бадеми, суво грозје, стапчиња цимет или ванила и да го прилагодите според сопствениот вкус. / Сооlinarika.com Во продолжение прочитајте како да приготвите вкусен сок од јаболка:
ЗДРАВ СОК ОД ЈАБОЛКА без конзерванси по брза постапка, од оваа количина се добиваат 6 литри сок. Рецепт на Анџелка Маравиќ. Многу вкусен сок од јаболка, од 1 кг јаболка, добивате 6 литри сок.
Потребни состојки: 1 кг јаболка, 30 г лимонтус, 300 г шеќер, 6 литри вода. Постапка: Најдобро е да користите органски јаболка кои не мора да ги лупите. Важно е да бидат добро измиени, а потоа да ги исечкате на помали коцки.
Јаболката ставете ги во тенџере на средна температура и оставете да се готват додека да се направи каша од јаболка. Во тенџерето додајте го лимонтусот и шеќерот и се измешајте. Најздраво е да користите шеќер од шеќерна трска.
Потоа кашата префрлете ја во поголемо тенџере и во него додајте 6 литри вода. Малку промешајте, поклопете и оставете сокот да отстои 24 часа на собна температура. Наредниот ден процедете го сокот низ газа.
Доколку сакате сокот да е поредок процедете го на двапати, а потоа складирајте го во чисти, стерилизирани шишиња. Затворете со целофан, па со соодветниот капак и чувајте на темно и суво место.