Слатко од дуњи по стар рецепт…Ова слатко е едно од најубавите есенски десерти…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 кг исчистени дуњи
1 кесичка лимонтус (лимонска киселина)
2 кг шеќер
800 мл вода
1 лимон
ПОСТАПКА:
Дуњите исечкајте ги на коцки и веднаш ставајте ги во сад во кој сте раствориле една кесичка лимонтус со малку вода, за да не потемнуваат. Потоа исплакнете ги и залијте ги со вода, па ставете ги на оган. Од моментот кога ќе зовријат варете ги 5 минути.
Во посебен сад сипете 2 кг шеќер и 800 мл вода во која се вареа дуњите, па од моментот на зовривање варете уште 5 минути. Потоа намалете го огнот за да не прска, па внимателно претурете ги дуњите во сирупот.
Потоа повторно малку засилете го огнот и гответе го слаткото приближно 45 минути, со повремено нсобирање на пената. Слаткото не се меша, туку се протресува тенџерето.
Кога ќе добијат портокалова боја, проверете го сирупот, треба да паѓа во капки од лажицата. Исклучете го огнот и наредете тркалца лимон. Прекријте со мокра крпа и оставете да се подизлади.
Кога ќе биде млако можете да го складирате во чисти, суви тегли. Постапката погледнете ја ОВДЕ: