Ако имате јајце, брашно и млеко, не пропуштајте да ги приготвите овие вкусни печива кои се меки како памук, но дополно збогатени со крем и суво грозје. Иако изгледаат гламурозно, кога ќе ја прочитате постапката ќе видите дека рецептот е многу лесен. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за крем): 300 мл млеко, 8 г ванилин шеќер (1 кесичка), 3 супени лажици шеќер, 1 јајце, 2 супени лажици скроб/нишесте/густин. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 100 мл млако млеко, 150 мл млака вода, 1 супена лажица сув квасец, 1 јајце, 3 лажици шеќер, 8 г ванилин шеќер, 4 лажици масло, 400 г брашно, 1 лажичка сол, и уште суво грозје.




ПОСТАПКА: најпрво пригответе го кремот за да има време да се олади. Во едно тенџере ставете едно јајце, додајте три лажици шеќер, една кесичка ванилин шеќер и две супени лажици скроб/нишесте. изматете со жица маталка додека сите состојки да се соединат во хомогена смеса без грутчиња.




Во смесата започнете постепено да додавате 300 мл млеко, па мешајте додека тоа да се раствори. Тенџерето ставете го на умерен оган и постојано мешајте го додека да се свари и згусне. Внимавајте да не ви загори, затоа што ќе го промени вкусот.




Сварениот крем ќе има фина текстура како пудинг. Префрлете го во друг сад за полесно да се олади, па покријте го со проѕирна-стреч фолија за да не фаќа коричка. Оставете го во фрижидер додека го подготвувате тестото.




Во еден подлабок сад измешајте ги водата и млекото кои потребно е да бидат млаки, па додајте го квасецот и три лажици шеќер (според оригиналниот рецепт, но вие доколку сакате ставете две лажици или една).

Додајте и 4 лажици масло. Додајте и една кесилка ванилин шеќер, како и една белка од јајце на собна температура, а жолчката сочувајте ја за подоцна. Промешајте ја мешавината, па започнете постепено да го додавате брашното. Посолете.




Додека можете мешајте со лажица или шпатула, а потоа замесете со рака додека да добиете меко, еластично и нелепливо тесто. Вратете го во садот, покријте го со проѕирна-стреч фолија, па оставете го да стасува еден час на топло место, додека да ја удвои големината.

По изминатиот период тестото истресете го на работна површина и поделете го на девет еднакви делови, а од секој дел формирајте топче. Од секое топче со помош на оклагија развлечете тркалезна кора со големина на мала чинија. За полесно развлекување наросувајте сосем малку брашно.




Во средината од кората ставете 2-3 лажици фил и еден грст суво грозје. Опфатете ги краевите на кората и повторно затворете во вид на топче. Вака приготвените печива наредете ги во плех обложен со хартија и одозгора малку притиснете ги со дланката. Со остар нож засечете ги дијаголнално и по потреба во засеците ставете уште неколку зрна суво грозје.




Покријте ги со кујнска крпа и оставете ги да стасуваат 15-тина минути. Потоа во жолчката додајте една лажица млеко и промешајте, па со мешавината премачкјате ги печивата. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 170 степени околу 20-25 минути. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.