Оваа пита е лесна како пена и многу вкусна. Се приготвува за кратко време, единствено што треба да почекате е да се испече во рерна. Не содржи брашно, па одлична е за сите кои ја одбегнуваат оваа состојка. Излегува нежна, воздушеста и многу, многу вкусна. Еве што ви е потребно според рецептот на Алина:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (За калап со дијаметар 22 см): 400 г цврст јогурт или кисела павлака (со низок % мм), 4 големи јајца или 5 со средна величина, 100 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 75 г пченкарен скроб/нишесте/густин, 1 прстофат сол, ситно рендана кора од лимон за освежителен вкус (не мора)




ПОСТАПКА: јајцата за овој рецепт треба да бидат големи, а доколку имате поситни јајца тогаш земете уште едно. Пред отпочнување на подготовката, состојките извадете ги малку да отстојат на собна температура.




Јајцата скршете ги во еден подлабок сад, па внимателно извадете ги жолчките во посебен сад. Или пак, одделете ги белките од жолчките со специјален сепаратор, или вообичаено како што вам ви е најлесно.




Во белките додајте прстофат сол, па пенасто изматете ги со миксер додека да згуснат како пена. Матете најмалку 2-5 минути за да ја постигнете оваа густина. Во жолчките додајте 100 г кристал шеќер, 10 г ванилин шеќер и 75 г скроб.




Веднаш тука додајте го и цврстиот јогурт или киселата павлака со 10% млечни масти. Оние што го сакаат цитрусниот вкус нека изрендаат и малку лимонова кора (или кора од портокал). Лимонот претходно убаво измијте го со сода бикарбона.




Измешајте со миксерот додека сите состојки да се поврзат и изедначат во хомогена смеса. Во оваа смеса започнете постепено да го додавате шамот од белки, лажица по лажица. Мешајте полека со бавни движења, со жица-маталка или кујнска шпатула.




Кога целосно ќе се соединат, смесата треба да биде пенлива и воздушеста. Смесата излејте ја во подготвениот калап и ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени, приближно 40-50 минути. Кога малку ќе подизлади наросете шеќер во прав и послужете. Деталите погледнете ги ОВДЕ.