Вкусна и лесна торта.
Потребни состојки: 5 белки од јајце, 5 лажици шеќер, 3 лажици брашно, малку прашок за печиво, 300 мл врело млеко +- За фил: 10 жолчки, 2 пудинг од ванила, 1 литар млеко, 1 лажица брашно, 250 г шеќер, 250 г путер/маргарин и 2 кесички шлаг
Постапка: Изматете ги белките во цврст снег, па со лажица додадете брашно и малку прашок за печиво. Смесата печерте ја во намастен плех на 180 степени додека да почне да пожолтува. Кога ќе излади кората прелијте ја со засладено топло млеко.
Се печат две вакви кори. Ставете на оган околу 800 мл млеко да зоврие. Во останатите 200 мл изматете жолчка, брашно, пудинг и убаво изматете да нема грутчиња. Смесата сварете ја во млекото со постојано мешање додека да згусне.
Оставете убаво да излади па додадете пенесто изматен путер со шеќер во прав. Соединете. Редење: кора, фил, кора, фил и одозгора украсете со два изматени шлага. Добро изладете пред послужување.