Ќе се изненадите од овој лесен вкус во кој се ужива.
Потребни состојки:
500 мл слатка павлака
500 мл кисела павлака
150 г шеќер
160 г чоколадо
10 издробени или мелени бисвити
малку дробени лешници, бадеми, ореви
Постапка:
Изматете го шлагот, додадете кисела павлака и шеќер, па добро измиксајте.
Растопете го чоколадото на пареа.
Во еден сад ставете 1/3 од кремот, наросете третина од мелените бисквити, лешници, ореви и бадеми.
Можете да користите само еден вид јаткасти плодови или комбинација од нив. Додадете и половина од растопеното чоколадо.
Повторно ставете смеса од шлаг и павлака, па повторете ја постапката со бисквити, лешници и чоколадо.
Ставете ја преостанатата смеса од шлаг и павлака. Оставете преку ноќ добро да замрзне.
Пред послужување извадете ја 15-тина минути, полесно да се сече.
Послужете со чокладен прелив, овошен прелив или нешто по ваш вкус.