Nutella Crunch Ice Cream Cake. Во неделата имавме гости, наши драги пијатели со децата. Размислував која торта да ја направам, па на крај се одлучив за оваа, бидејќи децата, но и ние возрасните многу ја сакаме. Со задоволство ќе им го испратев остатокот од тортата, но не остана…

Потребни состојки: 600 г нутела, 200 г експандиран ориз, 3 литри сладолед од ванила.

Постапка: најпрво, потребен ви е сладоледот од ванила кој можете да го купите во оваа количина од големите супермаркети. Но, можете да си го направите и домашен доколку повеќе така ви одговора. Јас мојот сладолед го направив според рецептот кој е опишан најдолу во текстот.

Калапот во кој ќе се прави тортата ставете го во замрзнувач, заедно со длабокиот сад за матење. Користете тркалезен калап со подвижен обрач, со пречник од 25 см, а доколку сакате можете да користите и правоаголен калап со слична димензија, изборот е ваш.

Во едно подлабоко тенџере ставете ја нутелата заедно со експандираниот ориз, па загревајте на тивок оган, полека да се соединат состојките. Земете еден поголем плех, прекријте го со хартија за печење и излејте ја смесата од нутела и експандиран ориз.

Израмнете со шпатула и ставете во замрзнувач добро да се олади и стегне, но не смее да се замрзне. Сладоледот што сте го направиле или купиле извадете го од замрзнувачот и оставете го во обичен фрижидер колку малку да омекне, да може да се меша.

Внимавајте на сладоледот, не смее да ви се растопи, туку да омекне колку да може да се меша.  После 35 до 40 минути, извадете ја смесата од нутела и експандиран ориз и со вињушка сечете помали парчиња-залаци, па откако ќе го направите ова, ако е потребно вратете го фрижидер додека да омекне сладоледот.

Кога сладоледот ќе омекне, изцадете ја и смесата од нутела, големиот сад за мешање и калапот од замрзнувач. Ставете го замрзнатиот сладолед во големиот сад, додадете три четвртини од нутелата со експандираниот ориз, а остатокот вратете го во замрзнувачот.

Остатокот од една четвртина ви е потребна за ја наросите на врвот од тортата, па за не се растопи додека ја мешате тортата, најдобро е да си отстои во фрижидер. Значи, во големиот и изладен сад, брзо измешајте го омекнатиот сладолед заедно со нутелата и оризот.

Вака приготвената смеса излејте ја во изладениот калап за торти. Ставајте со лажица или шпатула постепено од смесата и секојпат малку притискајте за да избегнете создавање на воздушни “џебови”. Откако ќе го распоредите сладоледот, израмнете ја површината.

На крај извадете ги преостанатите парчиња нутела со ориз, па наросете ги насекаде одозгора врз тортата. Целата торта заедно со калапот завиткајте ја во проѕирна фолија и вратете ја назад во замрзнувачот, најмалку на 4 до 6 часа или најдобро преку цела ноќ за убаво да се замрзне.

Извадете ја тортата 4 часа пред послужување и ставете ја во обичен фрижидер. Тортата не мора да ја вадите претходно и да ја ставате во фрижидер ако немате време или место на пример, во тој случај доволно е ножот добро да го загреете пред секој засек под млаз врела вода. Послужете ја тортата веднаш, а остатокот вратете го во замрзнувач.

ДОМАШЕН СЛАДОЛЕД ОД ВАНИЛА

Потребни состојки: 4 жолчки на собна температура, 250 мл полномасно млеко, 750 мл слатка павлака, 150 г шеќер, 2 лажици ванила.

Постапка: Изматете ги жолчките со жица за матење и оставете ги на страна. Во тенџере истурете ги млекото, слатката павлака и шеќерот, па загрејте на тивок оган колку да се загрее, да биде врело, но не смее да ви проврие.

Земете кутлача од врелото млеко и истурете во изматените жолчки кои треба постојано да ги матите за да се растворат, а да несе сварат и да не се направат грутчиња. На тој начин додавајте кутлача по кутлача, додека да го истурите половината од млекото.

Мешајте постојано, па кога ќе добиете густа мазна смеса, истата истурете ја во преостанатото млеко во тенџерето и продолжете со мешањето. Вратете го тенџерето назад повторно на тингла и варете го околу 5 минути на средно-ниска температура, со непрекинато мешање додека да се згусне смесата.

Кремот е готов кога останува залепен на позадината од лажицата, а не се слева веднаш од неа. Земете цедалка и процедете ја сварената смеса, за да нема во неа евентуални грутчиња, мора да биде мазна. Додадете две лажици екстракт од ванила, па добро измешајте.

Земете проѕирна фолија па покријте го сварениот крем, втиснете ја насекаде наоколу за да не се создаде некаде коричка. Оставете го вака преку цела ноќ во фрижидер целосно да се олади. Потполно изладениот крем ставете го во машината за сладолед според упатството на производителот на машината.

Ако немате машина за сладолед, тогаш направете по некој ваш рецепт, или оваа смеса неколку пати ставајте ја во замрзнувач по половина час колку да се полузамрзне, па матете ја со миксер. / Coolinarika.com