Торта со јагоди која се топи во иста како сладолед. Ова е еден вид чизкејк со јагоди, но има толку добар вкус, што откако ќе ја пробате, веќе нема да помислите на друга торта. Постапката за приготвување е многу едноставна.

Единствено што ќе мора да почекате се три часа ладење во фрижидер. Може да ја подготвувате по една малку подолга или по друга пократка верзија која е опишана на крајот од текстот. За кратката верзија нема да одземе повеќе од 15 минути подготовка.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г кекси по избор и 5 супени лажици растопен путер (60 г) за основата на тортата.

За кремот: 500 г јагоди, 300 г крем сирење омекнато (маскарпоне или друго несолено крем сирење), 60 г шеќер во прав (по вкус, може повеќе или помалку) 150-200 г бело чоколадо (не мора, ама го збогатува вкусот), 300 мл слатка павлака, 1/2 лажица екстракт од јагоди




ПОСТАПКА: кексите сомелете ги во блендер. Во зависност од тоа дали сте одбрале слатки или помалку слатки кекси, може да додадете и малку топено чоколадо во нив, но не мора. Путерот растопете го на тивок оган или во микробранова печка, па додајте го во бисквитите.

Промешајте. Треба да добиете смеса слична на влажен песок. Во калап со мобилен обрач (25-26 см) истурете ја смесата и добро натапкајте ја на дното со дланките или со дното на стаклена чаша. Калапот ставете го во фрижидер додека го приготвувате кремот.




Јагодите измијте ги и исчистете ги, па ставете ги во блендер и сомелете ги. Кога ќе добиете убава кашеста смеса без поголеми парчиња, излејте ја во тава. Загревајте на умерена температура со постојано мешање додека да испари течноста и да добиете само суво пире. Свареното пире од јагоди тргнете го на страна и оставете убаво да се олади.




Крем сирењето малку омекнато изматете го со миксер додека да стане фино кремасто. Додајте половина од шеќерот во прав и продолжете со матење додека да се инкорпорира. Додајте го оладеното пире од јагоди и добро изматете.




Додајте го растопеното бело чоколадо и екстрактот од јагоди. Промешајте уште малку. Во посебен сад изматете ја слатката павлака и додајте го остатокот од шеќерот во прав. Матете додека да добиете шлаг. Потоа шлагот соединете го крем сирењето.




Добро изматете додека да се соединат двете смеси. Ако сакате да ја засилите бојата, по желба додајте и неколку капки прехрамбена црвена или розова боја. Убаво промешајте додека смесата да се изедначи, па излејте ја во калапот врз бисквитната основа.

Убаво протресете и неколку пати потчукнете го калапот за да излезат евентуалните воздушни меури. Израмнете одозгора и калапот ставете го во фрижидер да се лади најмалку три часа или најдобро преку ноќ.




После тоа извадете го обрачот и декорирајте ја тортата со изматен шлаг и свежи јагоди или по ваш избор. Тортата е многу освежителна и буквално се топи во уста. СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА: сомелете ги кексите и соединете ги со растопениот путер, па смесата распоредете ја како основа на калапот.




Изматете го крем сирењето, додајте ситно сечкани јагоди (оставете една рака за декорација). Настрана изматете слатка павлака и соединете ја со крем сирењето. Смесата истурете ја во калапот, израмнете и тоа е тоа. Оставете ја во фрижидер да се олади неколку часа, а потоа декорирајте ја. Вие одберете која верзија повеќе ви се допаѓа.