Чести главоболки , вртоглавица, слаба концентрација , тинитус, постојано чувство на студ, оток, болка и грчеви во нозете се само некои од симптомите кои укажуваат на проблеми со циркулацијата на крвта.

Многу луѓе страдаат од лоша циркулација, но не се свесни за тоа или пак ги игнорираат симптомите. Затоа ова нарушување се нарекува тивок убиец.

Храна која се препорачува:

Препорачлива е медитеранската исхрана, докажана  како најефикасна во борбата против кардиоваскуларните болести. Тоа значи да се јаде свежо овошје, разни зеленчуци, немасно месо и риба, целозрнести житарки.

Потоа, јаткасто овошје и семиња за ужина или за појадок , бидејќи содржат есенцијални полинезаситени масни киселини а се корисни за здравјето на човекот и можат да се консумираат во сирова состојба.

Мешунките како: грав, леќа, боранија и грашок се најпосакуваните во исхраната, но по можност да не се комбинираат со месо.

Храна што треба да се одбегнува:

Додавањето шеќер, слатки и премногу сол. Најдобро би било извесно време да не ја посолувате вашата храна.

Потоа, не се препорачува црно кафе , особено да не се меша со млеко, како и еспресо. Најдобрата опција ако веќе не можете без кафе е филтер кафето. Понекогаш можете да си дозволите по една чаша црвено вино.

Како да се подготвува храната:

Краткорочна и брза термичка обработка на храната, варење во вода или на пареа , скара или печено на малку масло.

Пред термичка обработка, храната иситнете ја на поситни делови за да се подготви за пократко време. (За оваа цел би ви користела вок-тавата).

Важно е да се користат ладно цедените масла, маслиново или од семки од грозје. Маслиновото масло содржи мононезаситена олеинска киселина, која има корисен ефект врз здравјето на крвните садови.

Совети за добра циркулација

– Да се постигне и да се одржува посакуваната тежина

– Секојдневно да се јадат овошје и зеленчук

– Мали количини на месо и риба

– Да се консумираат целозрнести житарки

– Користете ладно цедено маслиново масло

– Користете хималајска, калиумова или морска сол. Намалувајте ја солта во исхраната!

– Пијте многу вода и растителни чаеви

– Правете дневни прошетки

МЕНИ

Појадок: мусли од различни житни култури (без шеќер). Малку млеко или јогурт  и една супена лажица ситно сечкано суво овошје.

Ужина: едно парче овошје.

Ручек: супа од зеленчук, двапати неделно морска риба, два посни дена, чинија чорба од мешунки , салата од различни зеленчуци и варен зеленчук.

Ужина: една рака јаткасти плодови

– Вечера: парче интегрален леб, бесмасно сирење, салата од различни зеленчуци со малку маслиново масло или чинија со сварен зеленчук и додаток на интегрален ориз, маслиново масло.