Ако сакате печена скуша, задолжително пробајте го овој рецепт. Вкусна и евтина вечера за љубителите на риба. После првиот, турски рецепт, можете да го прочитате и рецептот на Валентина Машковиќ и да погледнете како таа ги приготвува скушите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 скуши (отсечете им ги опашките и сите перки. Отстранете ги шкргите. Потоа исечете ја долж стомакот, отстранете сè непотребно и добро измијте ја. На грбот направете неколку засеци).
Посолете ги рибите и запиперете ги, па истријте ги однадвор и одвнатре. Плехот за печење намастете го.
20 грама путер исечете го на тенки плочки и потпикнете ги во секој од засеците на рибите. Во внатрешноста на рибите ставите по едно тркалце лимон исечено на половинки.
Гарнир:
1 кромид, исечен на коцки
1-2 моркови, исечени на тркалца
1-2 пиперки исечкани на коцкички
2 компири, исечени на мали плочки
Посолете и запиперете, па залијте маслиново масло
Наредете го зеленчукот помеѓу рибите во плехот и ставете да се пече во загреана рерна на 200°C 35-40 минути.
Уште еден вкусен прилог:
1 кромид ситно сечкан
малку маслиново масло. Пропржете го кромидот до златнокафеава боја.
1 зелена пиперка ситно исечкана
1 домат исечкан на коцки. Пржете 5-7 минути на средна температура.
сок од ½ лимон.
2 лажици соја сос.
1-2 лажички мед (опционално)
1 лута чили пиперка ситно сечкана
малку свеж босилек. Гответе уште 1-2 минути подолго.
На здравје! Деталите погледнете ги во видеопрезентацијата ОВДЕ, а во продолжение можете да ја погледнете и презентацијата на Валентина Машковиќ, како таа ја подготвува скушата во рерна:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 скуши добро исчистени, измиени, засечени, посолени и запиперени. Ставете ги во намастен сад и посипете ги со малку масло.
Одозгора распоредете една рака ситно сечкан свеж магднос, 4-5 чешниња лук исечкани на листови, залијте сок од лимон, посолете и запиперете и залијте 50 мл бело вино.
Рибите превртете ги за да се натопат во маринадата рамномерно и оставете вака да отстои половина час.
За гарнир: 4 пиперки, 4 помали главици кромид, 1 голема лута пиперка ако сте љубители на лутото. Плехот во кој ќе ги печете рибите прво намастете го и залијте го со густ доматен сос да се прекрие дното во тенок слој.
Одозгора распоредете го крупно исечениот зеленчук. Потоа на рибите наредете им парчиња лимон во засеците и наполнете ги во внатрешноста со маринадата и парчиња лимон.
Наредете ги врз зеленчукот и залијте ги со течноста која останала од маринадата. Малку посипете ги со доматен сос и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 35-40 минути.
Презентацијата на Валентина можете да ја погледнете ОВДЕ, а вие одберете кој рецепт повеќе ви се допаѓа.