Не им го знам името на овие колачи кои случајно ги најдов, но навистина не е ни важно бидејќи се превкусни и се јадат во еден залак. Многу ми се вкусни и баш ми „легнyваат“, затоа ги сакам и често ги правам.




Најпрво го подготвувате шербетот кој треба да се олади, а за тоа време се подготвува тестото за колачи (без квасец), ова е од оние тврди теста кои сите ги сакаат бидејќи не се чекаат долго време. Потоа се сечат големини по ваша желба, се ставаат на печење, па се натопуваат во шербет.




На ладно место можат да стојат и неколку дена, но секогаш сите се изедуваат во рекордно време. Ме потсетуваат на чајни колачи, но уште повкусни. Еве што ви е потребно за да ги подготвите, не ви требаат многу состојки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ШЕРБЕТ: 200 мл вода, 170 г шеќер, парче лимон. ЗА ТЕСТО: 250 г путер (или маргарин), 50 г шеќер во прав, добро измиена кора од лимон, 1 јајце, 50 г мелени ореви или бадеми (може и комбинација), прстофат сол, 430 г меко бело брашно, 3 г прашок за печиво и шеќер во прав за наросување.




ПОДГОТВУВАЊЕ НА ШЕРБЕТОТ: Во едно тенџере ставете 170 г шеќер и прелијте со 200 мл вода. Исечете 1 парче лимон и малку промешајте. Пуштете ја ринглата и гответе на средна температура околу 8 минути со повремено мешање додека шеќерот да се стопи.




По вриење на шербетот, тргнете го настрана и почекајте да се излади. ПОДГОТВУВАЊЕ НА ТЕСТОТО: Во подлабок сад изгмечете 250 г полурастопен путер кој треба претходно да ви отстои минимум 1 час на собна температура.




Во путерот додајте го шеќерот во прав и фино измешајте додека да се соединат состојките. Потоа изрендајте малку рендана кора од лимон (добро измиена). Скршете 1 јајце, промешајте и додајте 50 г мелени јатки.




Посолете со малку сол, колку што ќе ви се фати на прсти, па додајте го брашното, постепено, измешано со малку прашок за печиво. Полека замесувајте тесто кое треба да биде цврсто соединето, без да се распаѓа. Кога ќе го замесите тестото, ставете го во зип кесичка или обична кесичка и оставете да отстои 10-20 минути.




По изминатото време, поделете го тестото на 3 или 4 еднакви делови кои е потребно да ги извиткате во цврст валјак. Вака подготвените теста сечете ги во косина (со дебелина по ваша желба) и редете ги на плех обложен со хартија за печење.




Колачите се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути. Потоа кога малку ќе се оладат, се спуштаат во шербетот, па се оставаат малку да се исцедат на чинија со хартија, сосем малку, па се валкаат во шеќер во прав. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.