Ситни колачиња кои наместо да ги преливате во шербет, треба да ги премачкате со малку мед. Тестото се замесува многу лесно и не треба да се чека да отстои, а во внатрешноста колачињата се исполнети со фил од кикирики.




Одозгора се става еден бадем или некоја друга јатка по ваша желба, па се ставаат на печење и на крајот се премачкуваат со мед и се послужуваат. Постапката на подготвување е многу интересна, особено виткањето и декорирањето на колачињата. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г меко бело брашно, 100 г шеќер во прав, 80 г путер, прстофат сол, 40 мл сок од портокал или вода со цитрусен вкус, 160 мл вода. ЗА ФИЛОТ: 500 г печени кикирики, 90 г шеќер во прав, 40 мл масло (+-), бадеми за на средина на секое колаче и мед за наросување.




Најпрво се подготува тестото, а потоа смесата која се става на средина на секое колаче. Во продолжение може да прочитате 2 начина на кои можете да ги формирате колачињата, различни форми. Еве како се подготвува тестото:




ПОСТАПКА: во еден подлабок сад ставете го брашното кое треба да биде меко, најчесто се користи тип 00. Додајте го шеќерот во прав, промешајте, па додајте го путерот кој треба да биде отстојан и омекнат на собна температура.




Со раце измешајте ја смесата додека путерот лесно да се измеша во смесата. Наросете прстофат сол и додајте ја обичната вода и цитрусната течност од портокал. Замесете фино и меко тесто кое не треба да се лепи под прсти. Се меси неколку минути додека да се соедини тестото без да се распаѓа.




Тестото ставете го во најлонска кесичка и тргнете го настрана. Преминете на подготвување на смесата за фил: печените кикирики изблендирајте ги најситно во блендер. Додајте го шеќерот во прав, па постепено започнете да го додавате маслото. Ќе ви биде потребно отприлика 40 мл масло, но во зависност од конзистентноста на смесата додајте помалку или повеќе. Смесата треба да изгледа слична на тесто.




Потоа тестото поделете го на 2 еднакви делови и секој дел развлечете го со оклагија најтенко што можете. Преселете ги краевите на тестото за да направите рамен квадрат, а остатоците искористете ги со останатото тесто. Црпете по малку од смесата за фил и направете валјак со големина на тестото.




Ставете ја смесата на едниот крај на тестото и завиткајте ролат додека да се обвитка смесата. Потоа пресечете го ролатот и поделете го на косо со нож и направете колачиња кои потоа треба да ги декорирате со резови. Остатокот од тестото се прави на истиот начин додека да го потрошите материјалот од смесата за фил.




Вториот начин на кој можете да ги правите колачињата е да ги сечете на малку поголеми откока ќе го свиткате ролатот, а потоа свиткајте во потковица. Во средина на колачињата се става по еден бадем, па се ставаат на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути.




По печењето колачињата се оставаат да се оладат, па се премачкуваат со мед и кујнска четка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.