Повеќето жени ова го прават, а притоа не се свесни колку со тоа си го загрозуваат здравјето!

Ако и вие ја туширате вагината, со тоа го загрозувате здравјето.

Ако под туш редовно ја испирате вагината, значајно ги зголемувате шансите да добиете ХПВ кој може да доведе до појава на рак.

Под испирање на вагината се подразбира: главата на тушот да го свртите кон вагината и добро да ја исперете внатрешно.

Повеќето жени мислат дека со тоа се ослободуваат од непријатните мириси, но всушност себеси се доведуваат во потенцијално опасна ситуација.

Вистина е дека вагината, после цревата, содржи најголем број бактерии, но тие се таму со добра причина!

Зошто лекарите го забрануваат ова?

Повеќето медицински експерти строго го забрануваат ова бидејќи вагината сама се чисти, а со нејзино испирање само ќе ја пореметите рамнотежата на бактериите, што понатаму може да доведе до абнормален раст на ткивото и други промени во клетките од грлото на матката.

Едно истражување кое било спроведено на Универзитетот Тексас покажало дека испирањето на вагината го удвојува ризикот од добивање на рак на јајници, а истражувањето било спроведено над 1 271 жени на возраст помеѓу 20 и 49 години.

-Вагината содржи повеќе бактерии од било кое друго место на телото и бактериите се тука со причина.

Не можам да ја замислам ситуацијата во која нејзиното испирање би било корисно бидејќи на тој начин девојките испираат се’ што содржи вагината, вклучително и здравите бактерии – заклучува професорот Рони Ламонт.

(dailystar.co.uk)