Имунолошкиот систем е комплексна мрежа на клетки познати како имунолошки клетки, кои ги вклучуваат лимфоцитите. Лимфоцитите се бели крвни зрнца и еден од главните типови на имунолошки клетки на телото. Тие се создаваат во коскената срцевина и се наоѓаат во крвта и лимфното ткиво.




Овие клетки работат заедно за да го одбранат телото од туѓи супстанции, како што се бактерии, вируси и канцерогени клетки кои можат да го загрозат неговото функционирање. Во оваа статија, ги разгледуваме различните типови на лимфоцити, кои се нормалните нивоа во крвта и што се случува ако нивото стане премногу ниско или превисоко.

Не постои специфичен број на лимфоцитни клетки кои се неопходни за одржување на телото во здрава состојба. Тоа е затоа што нивото на лимфоцитите може да се менува во зависност од расата, полот, локацијата и животниот стил на личноста.




Сепак, одржувањето на бројот на лимфоцити кои циркулираат низ телото во здрав опсег е важно за функционирање на имунолошкиот систем. Некои лимфоцитни клетки се одговорни за заштита од бактерии и вируси.

Други лимфоцити се насочени кон клетките на телото кои не функционираат правилно поради вирус или pак. Абнормалниот број на лимфоцитни клетки може да биде знак за болест. Нормалниот опсег на лимфоцити е помеѓу 1.000 и 4.800 лимфоцити во 1 микролитар (µL) крв.

Кај децата, нормалниот опсег е помеѓу 3.000 и 9.500 лимфоцити во 1 µL крв. Бројот на лимфоцити над нормалниот опсег може да биде безопасна и привремена ситуација, поради нормалната реакција на телото на инфекција или воспалителна состојба, особено ако неодамна сте прележале вирус.




Високото ниво на лимфоцити, исто така, може да биде знак за лимфоцитоза, што може да укажува на посериозна состојба. Лекарите обично го нарекуваат бројот на лимфоцити повеќе од 4.000 на 1 µL крв кај возрасните како патолошка состојба – лимфоцитоза. Сепак, овој праг може да варира помеѓу лабораториите и луѓето од различна возраст.




Бројот на лимфоцити под нормалниот опсег исто така може да биде привремена состојба која бара третман. Лекарите го нарекуваат абнормално нискиот број на лимфоцити како лимфоцитопенија. За возрасни, ова е типично броење од помалку од 1.000 лимфоцити во 1 µL крв.

Тоа може да биде резултат на: телото не создава доволно лимфоцити, болест која ги уништува лимфоцитите, лимфоцитите се заглавуваат во лимфните јазли.




Лекарите не секогаш препорачуваат третман за зголемување на лимфоцитите, доколку нивните нивоа се ниски во организмот. На пример, луѓето кои имаат благи случаи на лимфоцитопенија без јасна причина, најчесто состојбата се доведува во нормални граници сама по себе.

Третманот на основната состојба може да доведе до зголемување лимфоцитите во други случаи кога состојбата е јасна и лекувањето е потребно. На пример, лекарите може да препишат антибиотици за лекување на бактериска инфекција која може да предизвика ненормално ниски нивоа на лимфоцити.




Постојат две категории на лимфоцити, познати како Б-лимфоцити и Т-лимфоцити. Луѓето најчесто ги нарекуваат Б-клетки и Т-клетки. И двата вида потекнуваат од матични клетки во коскената срцевина. Оттаму, некои клетки патуваат до тимусот, каде што стануваат Т-клетки. Други остануваат во коскената срцевина, каде што стануваат Б-клетки.




Работата на Б-клетките е да создаваат антитела, кои се протеини произведени од имунолошкиот систем за да се боpат со туѓи супстанции познати како антигени. Секоја Б-клетка создава едно специфично антитело. Секое антитело одговара на одреден антиген за yништување. Процесот на совпаѓање е сличен на тоа како „клучот се вклопува во бравата“.




Работата на Т-клетките е да му помогнат на телото да ги yништи клетките-„страно тело“ и да го контролира имунолошкиот одговор на туѓите супстанции. Тие го прават тоа со yништување на клетките во телото кои биле преземени од вируси или станале канцеpогени.




Невообичаено висок или низок број на лимфоцити може самостојно да не предизвика никакви знаци, симптоми или сериозни проблеми. Тие можат да бидат нормален одговор на телото на инфекција, воспалителна состојба или друга невообичаена состојба и ќе се вратат на нормално ниво по одредено време.




Ако бројот на лимфоцити остане висок или низок со текот на времето, тие може да бидат знак за здравствена состојба. Овие состојби може да се движат од благи до тешки, а колку долго траат зависи од нивната причина.

Третманот за абнормални нивоа на лимфоцити ќе зависи и од причината и од сериозноста, а благите форми може да не бараат никаков третман, пишува Healthline.