Home закуска Сите се дебелат кога јадат пица, а јас си слабеам со овој...

Сите се дебелат кога јадат пица, а јас си слабеам со овој здрав рецепт…Вкусна пица од блендер

Здрава пица од овес и кромид

Оваа иновативна пица нуди здрав и вкусен начин да уживате во омилениот оброк, заменувајќи го традиционалното тесто со овесна основа збогатена со кромид.

Едноставна за подготовка, таа е идеална за брз ручек или вечера полна со хранливи материи, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 1 чаша овес
– 2 јајца
– 1 кромид
– 1 лажица павлака
– 100 мл вода
– 1 лажичка сол
– мајчина душичка/босилек или оригано (по вкус)
– 100 г рендана моцарела или кашкавал по избор
– НМД

Постапка:

1. Во блендер сипете го овесот со двете јајца, ситно исечканиот кромид, лажицата павлака, 100 мл вода, лажичката сол и малку мајчина душичка по вкус.

2. Добро измиксајте сè за да се добие хомогена смеса.
3. Додајте го ренданиот кашкавал и повторно промешајте.

4. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење.
5. Печете во загреана рерна на 200 °C 20 минути, додека површината добие златна боја.

6. Послужете топло. Добар апетит! Постапката погледнете ја во видео презентацијата ОВДЕ: