Фото и рецепт: Нена Петровиќ
Потребни состојки:
700 г кори
8 полни лажици брашно
½ коцка квасец или 1 сув квасец
400 г млеко (или млака вода или 50:50)
150 мл масло
Сол по вкус
Постапка:
Се мешаат состојките да нема грутки. Првата кора се мачка со оваа смеса па се става втората кора (ако се многу тенки корите може да се стави и трета кора), јас ставав по две.
Втората кора лесно се попрскува со оваа смеса и се расфрла филот, се собира во ролна па се мота во тавата (вака ако е за пита, инаку може да се прават и банички) и ако остане од смесата се полеваат на краевите кои секогаш се суви.
Лесно се попрскува со масло и по желба се наросува сусам.
По печењето се покрива со фолија или најлон и крпа за да омекне.