За да се спречи, но и да се излечи ракот, треба најмногу да се обрати внимание на навиките. Здравата исхрана е многу важна. На тој начин нашиот организам се претвора во многу неповолна средина за развој на канцерогените клетки.
Јадете повеќе овошје и зеленчук. Пијте природни сокови од цвекло, морков, портокал, боровница и слично.
Дали знаете дека постојат голем број на луѓе кои се излекувале од оваа болест бидејќи го промениле начинот на исхрана и користеле природни сокови. Напитоците кои се богати со витамини и ензими, делуваат како антиоксиданси и ги убиваат клетките на ракот. Не консумирајте вештачки пијалаци бидејќи се преполни со отрови и придонесуваат за развој на многу болести.
Кокосовото масло исто така, може да ви помогне при спречување на злокобната болест. Обратете внимание дали овошјето и зеленчукот се органски, односно дали содржат хемикалии кои би можеле да предизвикаат рак.
Не консумирајте процесуирана храна, индустриски произведена. Особено одбегнувајте ги виршлите, паштетите, сувомеснато неквалитетно месо, како и скара, бидејќи при печењето се ослободува канцерогена супстанција – акролеин.
Намалете го внесот на јаглехидрати. Наместо бел шеќер користете мед. Намалете ја употребата на дезодоранси бидејќи тие се водечка причина за рак на дојка бидејќи содржат алуминиум и останати тешки метали.
Подобро е да користите сода бикарбона која е многу ефикасна, а нема да доведе до штетни последици. Можете да купувате дезодоранси на кои е нагласено дека не содржат алуминиум и останати тешки метали.