Сите го бараат рецептот за овој прочуен говедски гулаш…многу вкусно јадење, прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

800 г јунешка плешка, месото исечено на коцки
2 главици кромид, ситно сечкани
4 чешниња лук, ситно сечкано
1 домат, сечкано
1 свежа пиперка, сечкано
зачини: ким, ловоров лист, сол, црн и црвен пипер (2 лажички), димен црвен пипер во прав (1 лажичка)
1 лажица доматна паста

ПОСТАПКА:

1.На малку масло пропржете го кромидот, па додајте го лукчето. Кога кромидот ќе омекне и застакли додајте го месото и продолжете со пржење уште 5-10 минути.

2.Додајте ги зачините и една чаша вода, промешајте, поклопете и динстајте на тивок оган (намалете откако ќе зоврие) следните два часа.

3.Потоа додајте го доматот и пиперката, сипете половина чаша вода и промешајте. Поклопете и продолжете со динстање уште еден час.

4.Кога јадењето е речиси при крај, додајте една лажица доматна паста. Промешајте и динстајте уште 1-2 минути, па вашето јадење е готово. Послужете со тестетени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.