СИТЕ ГО БАРААТ ОВОЈ РЕЦЕПТ: Пита од јаболка која се топи во уста, едноставно и многу вкусно. Овој колач е многу едноставен и вкусен за подготовка, а рецептот го сподели Том Филос на својот јутјуб канал.




Потребни состојки: 3 јајца, 150 г шеќер, 1 лажичка екстракт од ванила, 80 мл масло, 180 мл млеко, 300 г брашно и 15 г прашок за печиво, 4 јаболка.




Подготовка: Како што забележувате, питата се подготвува од неколку состојки. Само се мешаат состојките, се излева и се става на печење. Подетално постапката прочитајте ја во продолжение:




Во подлабок сад скршете ги јајцата и изматете ги со жица за матење. Потоа додајте го шеќерот и повторно размешајте. Додајте ги останатите состојки: екстракт од ванила, маслото и млекото и соединете.




Потоа низ сито, просејте го брашното заедно со прашокот за печиво. На дрвена даска за сечење излупете ги јаболката и исчистете ги од семките, срцевината и дршката. Потоа исечкајте ги на помали коцки.




Во јаболката додајте ја смесата и измешајте. Земете еден огноотпоред сад со средна големина и премачкајто на дното и по страните со путер или маргарин. Во садот излејте ја смесата и ставете на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, 35 минути. По печењето, питата наросете ја со шеќер во прав. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




Прочитајте го и следниов рецепт од Том Филос, а тој што повеќе ви се допаѓа подгответе го. Пита од јаболка која сите ќе ве воодушеви, однадвор крцкава, а одвнатре сочна. Питата навистина е многу вкусна, однадвор крцкава, а одвнатре сочна! Едноставна и лесна за правење, ќе ве воодушеви веднаш по првиот залак.

Потребни состојки: 100 г интегрално брашно, 400 г бело брашно, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сув квасец, 280 мл млака вода, 160 г за премачкување на корите.




ЗА ФИЛ: 5 големи јаболка, 1 лимон-рендана кора, 100 г сечкани ореви. Постапка: Просејте ги двете брашна во поголем сад, па додајте шеќер, квасец и сол. Измешајте ги убаво, па започнете постепено да додавате вода.

Месете со маталка или миксер со продолжетоци за тесто, додека да се формира топка, а потоа продолжете го месењето рачно. Откако на работната површина ќе добиете мазно и еластично тесто кое не се лепи, поделете го на два еднакви делови.




Со помош на оклагија формирајте правоаголна кора, а одозгора преку целата површина премачкајте ја со 80 г омекнат путер. Потоа кората засечете ја како што е опишано во видеото и спакувајте ја како што тоа вообичаено се прави за лиснато тесто. Вака спакуваната коцка од тесто завиткајте ја во проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер да отстои половина час. Повторете ја постапката и со втората половина од тестото.




Плехот намастете го со путер. Јаболката измијте ги, излупете ги и исчистете ги од семето, а потоа изрендајте ги. Додајте рендана кора од еден лимон и 100 г ситно сечкани ореви.




На набрашнета површина развлечете правоаголна кора, малку поголема од плехот, па нанесете ја како подлога и обложете ги страните. Рамномерно распоредете го филот, па поклопете со втората кора. Подвиткајте ги внатре краевите. Одозгора на повеќе места ставете парчиња путер и наросете шеќер кристал.

Питата ставете ја да се пече во загреана рерна на 220 степени околу половина час. Штом ја извадите од рерна кога е печена, малку испрскајте ја со вода и покријте ја со крпа додека малку да излади. Потоа сечете ја и одозгора обилно наросете ја со шеќер во прав. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.