СИТЕ ГО БАРААТ ОВОЈ РЕЦЕПТ…Најубавата пита направена од готови кори, поради неа ќе го прескокнете и бурекот…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

450 г готови кори
2 јајца
200 мл цврст јогурт или кисела павлака
200 мл млеко
80 мл масло
1 прстофат шеќер
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво 7 г
1 лажица брашно
100 мл вода

За фил:
350 г сечкана или рендана шунка
200 г рендан кашкавал / гауда + 6-7 парчиња
сусам за посипување одозгора
Се пече на 180-200 степени додека да зарумени

ПОСТАПКА:

1. Корите како што се свиткални во ролна, така исечкајте ги на ленти и оставете ги настрана. Изматете ги јајцата со сè што е наведено и мешајте додека да добиете изедначена смеса без грутчиња.

2.Огноотпорен сад со средна големина намастете го и посипете го со лебни трошки. Распоредете половина од корите, па обилно прелијте ги со смесата што ја измативте и израмнете со лажица.

3.Одозгора распоредете ги парчињата кашкавал (6), да се прекрие целата површина, па половина од шунката, па повторно слој кори залиени со смесата од јајца.

Повторете: 1/2 рендан кашкавал, па остатокот од шунката и остатокот од кашкавалот. Завршете со остатокот од корите и притиснете одозгора со дланките.

Рамномерно залијте го остатокот од смесата, израмнете со лажица и посипете сусам. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 Целзиусови степени додека да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.