Сипете јајца врз тиквичките и ќе го добиете највкусното јадење…Овој рецепт ми е право богатство…Брзо и вкусно, прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
3 лажици кисела павлака
1 кг тиквички
1 китка копар или магдонос
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 морков
200 г печурки
1 црвена и 1 жолта пиперка
босилек, сол, црн пипер
100 г рендан кашкавал
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад изматете ги јајцата со прстофат сол, кисела павлака и ситно сечкан копар.
2.Тиквичките исечете ги на плочки, посолете ги и оставете ги 10 минути.
3.На малку масло запржете го ситно сечканиот кромид, додајте рендан лук, рендан или ситно сечкан морков, сечкани пиперки, печурки и сето заедно динстајте го додека да омекне. Зачинете со сол, црн пипер и босилек.
3.Тиквичките истискајте ги низ раце од вишокот сок и помешајте ги со динстаниот зеленчук.
4.Големиот плех намастете го со масло и рамномерно распоредете го зеленчукот во тенок слој. Одозгора истурете ги изматените јајца.
5.Посипете рендан кашкавал и печете во загреана рерна на 180 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.