Спатифилум или „Женска среќа“ е нежно, зимзелено повеќегодишно растение со копјести, сјајни темнозелени листови.

Леснотијата со која се одгледува го прави идеално домашно растение и совршен подарок за домаќинството. Не само што носи зеленило во затворените простории, туку може и да ја подобри секоја просторија и тие се одлични прочистувачи на воздухот.

Имаат неверојатни сјајни лисја и фантастични чисти бели цветови . Всушност, тие провветуваат кога до нив ќе допре шарена сончева светлина, влажност и топлина, услови какви што има во во неговите природни живеалишта, влажните тропски шуми.

Овие услови во вашиот дом е клучот вашата Женска среќа да расте, буи и цвета. Најдобро расте во делумна сенка, па затоа прозорецот кој е свртен кон исток е идеален за ова растение.

Меѓутоа, внимавајте да не е поставено на место со претерана сенка, бидејќи во тој случај нема да има сила за цветање. Температура од 21 степен најмногу им одговара, па треба да ги заштитите од студ.

Во близина на цвеќето ставете друг сад со вода за да обезбедите влажност на воздухот. Наводнувајте го само кога ќе забележите дека почвата е сува.

Премногу влага во коренот воже да го оштети. Водата не смее да биде ладна, туку на собна температура.

Кога корењата ќе ја исполнат саксијата, цвеќето треба да се пресади и да се замени со нова, хранлива земја. Притоа треба да се обезбеди добра дренажа. Еднаш месечно треба да се нахранува со течно ѓубриво.

ДОМАШНО ОРГАНСКО ЃУБРИВО

РЕЦЕПТ 1- Во блендер ставете еден лист алое вера и сомелете го заедно со 1-2 литри вода (во зависност од големината на листот).

Течноста процедете ја и со неа наводнувајте ги вашите билки на секои 15 до месец дена. Може да се користи за сите видови цвеќиња. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

РЕЦЕПТ 2 – Најпрво ќе ви биде потребно 1 чаша (од 250 мл) или околу 100 г ориз. Може да користите бел или кафеав ориз. Оризот измијте го и изблендирајте го со 2 литри вода. Потоа процедете го, а со оризовото млеко наводнувајте ги вашите цвеќиња.

Дополнителни совети за ова цвеќе можете да прочитате ОВДЕ и