Хипертензијата може да биде смртоносна и поради тоа не смее да се игнорира.
Доколку не се лекува навремено, високиот притисок или хипертензија може да биде смртоносна бидејќи доведува до инфаркт на срцето и мозочен удар.
Високиот притисок доведува до зголемено оптеретување на крвните садови, срцето и другите органи како што се мозокот, бубрезите и очите. Вишокот колограми, дебелината и 65 години и повеќе – се ризик факторите кои доведуваат до зголемување на крвниот притисок.
Можете да ги намалите шансите за висок притисок доколку ограничите внес на сол, алкохол, кофеин и ако ослабете некој килограм. За несреќа, хипертензијата е болест со симптоми кои не се баш видливи.
На овие 5 симптоми треба да обратите внимание доколку се сомневате на висок притисок:
Главоболка
Замаглен (матен) вид
Вртоглавица
Губиток на здив
Болки во градите
Водете сметка за тоа дека мора редовно да го проверувате притисокот и доколку забележите некои од овие симптоми веднаш обратете се на лекар. На оние над 40 години им се советува да го проверуваат притисокот и да одат на лекар на контрола секои 5 години.
Доколку имате притисок 140 со 90 и повеќе, тогаш имате висок крвен притисок па мора да поведете сметка и да ги смените секојдневните навики. Идеален притисок се смета оној помеѓу 90 со 60 и 120 со 80, а низок е оној кој не преминува 90 со 60.