Фотографија и рецепт на Весна Кацар
Потребни состојки: 250 мл вода, 125 мл масло, 2 лажици шеќер, 130 г брашно и 4 јајца. За фил: 500 мл млеко, 250 г шеќер, 300 мл млеко, 4 жолчки, 200 г густин, 1 ванилин шеќер и 125 г путер/маргарин
Постапка за приготвување на тестото: 250 мл вода, 125 мл масло и 2 лажици шеќер ставете на оган. Кога ќе зоврие тргнете го садот од оган и додадете 130 г брашно. Измешајте добро, а потоа измиксајте и со миксер.
Оставете го тестото да излади, па во него додадете четири јајца, едно по едно. Откако едното јајце ќе се впие во тестото, додадете го следното јајце и постојано матете со миксерот.
Смесата ставете ја во калап за да истискувате форми или вадете ги со лажица. Крофните редете ги на одредено растојание во плех обложен со хартија.
Се печат на 200 степени 25-30 мин без отворање на рерната (или секој според својата рерна како му пече). Оставете ги да изладат, а потоа полнете ги со фил. Одозгора наросете ги со шеќер во прав.
За фил: Во половина литар млеко додадете 250 г шеќер и ставете на оган да зоврие. Во посебен сад измешајте 300 мл млеко, четири жолчки, 200 г густин и 1 ванилин шеќер.
Сето тоа убаво изматете го за да нема грутчиња, па сварете го во зовриеното млеко со постојано мешање. Кремот оставете го на страна да излади, а потоа во него измиксајте 125 г омекнат путер на собна температура.
Фото и рецепт: Весна Кацар