Ако имате силни и крупни нозе, дали вашето тело е изложено на поголем ризик за здравјето или, напротив, помал? Високиот кр-вен притисок зависи од неколку фактори – пред сè од исхраната и состојбата на кр-вните садови, а сега научниците во Америка открија дека една физичка карактеристика може да укаже на ризик од хипертензија.
Всушност, истражувањата покажаа дека луѓето кои имаат силни и подебели нозе се изложени на многу помал ризик од развој на хипертензија.
„Тоа се должи на различните типови на човечка фигура, од кои зависи склоноста кон хипертензија, атеросклероза и дијабетес тип 2“, објаснува Михаил Богомолов, ендокринолог и претседател на Руската асоцијација за дијабетес.
„Луѓето со тело во облик на круша имаат помал ризик од добивање на вакви болести. Имаат масни наслаги на колковите, зад-никот и нозете. Оваа градба е типична за жените, нешто поретко е кај мажите.
Во овој случај, главната заштита е обезбедена од естрогени (женски п олови хормони), кои се присутни во одредена количина и кај мажите.
Меѓутоа, ако некое лице има структура на „јаболко“, таложењето на маснотиите се одвива на стомакот и во абдоминалната празнина, што ги нарушува метаболичките процеси и придонесува за развој на горенаведените болести.
Треба да се напомене дека самиот факт дека ако лицето има подебели, посилни нозе не гарантира дека ќе избегне проблеми со хипертензијата. Важно е да не сте дебели, да бидете физички активни и да се храните здраво“, посочува ендокринологот.
ПРИРОДЕН ЛЕК. Потребни состојки: 1 поголема главица лук (2 помали), 1 чаша мед, 2 лажички црн пипер во зрно
Постапка: лукот убаво исчистете го и исечкајте го на тркалца со големина на апче. Ставете го во стаклена тегла. Прелијте со мед, да се покрие лукот. Додадете го црниот пипер во зрно. Оставете да зрее 5 дена, а потоа чувајте го во фрижидер. Употреба: по една лажичка наутро на гладно да проголтате со чаша млака вода.
Доколку не можете лукот да го голтате, направете лимонада со сок од половина лимон и чаша млака вода, па една лажичка од смесата растворете и испијте ја течноста (парчињата лук и црн пипер ќе останат на дното). Пијте 10 дена, направете пауза 5 дена, па повторете по истиот редослед.
Консумирајте цвекло секојдневно, бидејќи нитратите од цвеклото се одлични во борбата против хипертензија, тврдат британските научници. Лицата кои секојдневно консумирале цвекло или пиеле по една чаша сок од цвекло, кр-вниот притисок им се регулирал и се доведувал во нормални граници.
Способноста на кр-вните садови да се шират и стегаат (перисталтика), односно нивната еластичност, кај овие испитаници било забележано подобрување од 20%. Кога се дигестираат, нитратите од цвеклото се претвораат во натриумови оксиди и за неколку часови го намалуваат кр-вниот притисок.
Најдобро е секој ден со ручекот да јадете салата од цвекло и притисокот сигурно ќе ви се нормализира, а кр-вната слика ќе ви биде како на пилот, советуваат британските научници.