Овие штрудли се едни од најпосакуваните и најбараните десерти на славската трпеза. Целите се со крем и затоа се многу сочни. Притоа, се подготвуваат од многу едноставни состојки – ванила, гриз и млеко, кои секој ги јаде и затоа се совршени, такви какви што се. Еве што ви е потребно, за да ги подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 12 готови кори. ЗА ПРВИОТ ФИЛ: 3 јајца, 3 лажици шеќер, 200 мл масло, 200 мл јогурт, 100 г гриз, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА ВТОРИОТ ФИЛ: 1 литар млеко, 3 пудинзи од ванила, 9 лажици шеќер. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: шеќер во прав.




ПОСТАПКА: Најпрво се подготвува вториот фил со пудинг. Во сад се ставаат шеќерот и пудингот и се додаваат 18 лажици млеко, кое претходно треба да биде отстојано на собна температура. Сето тоа се меша за да се соедини и да не останат грутки.




Остатокот од млекото се става во тенџере и се остава да зоврие. Кога млекото ќе се свари, тенџерето се трга настрана и се додава смесата од пудинг и шеќер. Се зпочнува со постокано мешање и се враќа на оган, на средна температура и се готви околу 2 минути за да се добие густ пудинг.




Потоа, тенџерето се трга од рингла и пудингот треба да се покрие со проѕирна фолија за да не фати коричка и се остава да се олади. ЗА ПРВИОТ ФИЛ: Потребно е да ги скршите јајцата и да ги одвоиите жолчките од белките. Во белките се додава шеќерот и се миксираат додека да се добие цврст шам.




Потоа се додаваат и жолчките, една по една и пак кратко се миксира до соединување. Се додава маслото и повторно кратко се миксира. Потоа се додава гризот и прашокот за печиво и повторно се миксира со цел смесата да се соедини и да стане хомогена.




На крајот се додава и јогуртот и се продолжува со миксирање додека да се добие една еднолична смеса, без грутчиња. ФИЛУВАЊЕ: На првата кора се ставаат 4- 5 лажици од првиот фил и сѐ убаво се распоредува.




Потоа се става втората кора и исто се премачкува со 4-5 лажици од првиот фил. Одозгора ставете ја третата кора и врз оваа се премачкува со пудингот. Можете да измерите 250 г или пак една четвртина од пудингот и го нанесувате на површината на третата кора.




Потоа ги виткате корите во форма на штрудла (како на видеото) и ги подвиткувате краевите на корите за штрудлата да има подобар изглед и внимателно ја префрлате во плех за печење кој е обложен со хартија.

Истата постапка се повторува и за останатите кори. Одат 3 кори за една штрудла, а вкупно подготвувате 4 штрудли, што значи дека ќе ви бидат потребни 12 кори. На крајот, сите штурдли одозгора се премачкуваат со масло и се печат во претходно загреана рерна со вклучен вентилатор на 180°, околу 20 минути.

Кога ќе се испечат штрудлите прво се оставаат малце да се оладат на собна температура, па потоа во фрижидер. Кога ќе се оладат се сечат по желба. Наша препорака е да се сечат на околу 2 см дебелина и после да се наросат со шеќер во прав. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.