Чувар куќа е билка која најлесно се одгледува и која не бара многу, а многу дава. Лесно поднесува разни климатски услови, но дефинитивно се вбројува меѓу билки кои имаат најмногу лековити материи во себе.
Може да помогне во лекување на внатрешни заболувања, но и на сите кожни проблеми. Голем број луѓе кои имаат калуси, жуљеви на стапалата – го побарале спасот во оваа билка.
Се кине едно ливче чувар куќа, се лупи горната кожичка па се поставува на калусот. Се фиксира со фластер и се менува неколку пати дневно. Веќе следниот ден се забележува подобрување, а следните неколку дена може целосно да се птстрани жуљот, во зависност од неговата големина и длабочина на коренот. Важна е упорноста а резултатите се неизбежни.
Ако имате зголемено ниво на шеќер во крвта, започнете секој ден да јадете по еден лист чувар куќа, наутро на гладно. Исто така, ќе ви се средат и тегобите доколку сте ги имале со дигестивниот тракт. Помешано со мед и лимон успешно ги топи цистите и поволно влијае врЗ целокупниот имун систем.
Секогаш прво обидете се на природен начин да ги решите тегобите кои ве мачат. Природата секогаш има решение.