Велигденските јајца се обележје на големиот христијански празник Велигден. Јајцата се бојосуваат (вапцуваат) и се украсуваат во текот Велика недела (Стра сна недела), најчесто на Велики четврток или Велики петок.
Велики четврток е денот кога рано изутрина, пред да изгрее сонцето се вапсаат првите три јајца, во црвена боја која е симбол на големиот христијански празник Велигден.
Се верува дека првите три јајца треба да се вапсуваат пред изгрејсонце за да не ги види сонцето па затоа, според верувањата, не се расипуваат со години. Според старите обичаи во зори на Велики четврток треба да се вапса барем едно црвено јајце, кое ја симболизира кр-вта Господова.
Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто вапсано јајце е за домаќинот на семејството. Третото вапсано јајце за бериќет и за стоката. Како што останало од порано, првото јајце се трга настрана бидејќи се верува дека тоа има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата.
ШТО СЕ ПРАВИ СО ВЕЛИГДЕНСКОТО ЈАЈЦЕ ОД МИНАТАТА ГОДИНА?
Домаќинките го чуваат првото јајце со црвена боја до икона сè до следниот Велигден, кога се вапса новото прво јајце. Се верува дека ова јајце ги зема врз себе сите не-среќи кои биле наменети за тоа домаќинство. Меѓутоа, кај голем број домаќинки постои дилема за тоа што би требало да направат со старото јајце, кога ќе вапсаат ново.
Според верувањата кога се бојадисува ново јајце, старото се пушта низ река со цел водата да го однесе з-лото, болес-тите и целата не-среќа која ова јајце цела година ги собирало за да ги заштити домашните.
Други обичаи велат дека ланското велигденско јајце, треба да се закопа во земја, а пожелно е во близина да има насадено цвеќе. Се верува дека тоа е полно со негативна енергија и не треба и понатаму да го чувате во домот. Цвеќето кое ќе расте во близина на закопаното јајце, треба да го разложи јајцето и да ја раз-бие таа негативна енергија.
Според народните преданија со првото вацано јајце се лекуваат одредени болести
Според старите обичаи домаќинката не треба да биде гладна кога започнува со вапсувањето на јајцата. Треба да касне макар еден залак леб, зашто, наводно, доколку вапсува на празен стомак, таквите јајца не носат радост, туку би можело оној што ги вапсува да биде несреќен и болен.
Домаќинката штом излезат првите сончеви зраци на Велики четврток, треба да ги разбуди најблиските и со првото јајце да им помине по лицата со зборовите: црвено, бело, дебело! Вапсувањето на јајцата за Велигден е еден од најасоцијативните обичаи за самиот празник, што всушност, претставува симбол на животот и на раѓањето, а црвената боја, со која најчесто се бојат јајцата, ја претставува Христовата к-рв.
Традицијата кај балканските народи да вапсаат јајца за Велигден се јавила во 16-тиот век. Меѓутоа, кај голем број домаќинки постои дилемата дали сите јајца мора да се вапсаат во четврток. Според антрополозите, јајцата можат да се фарбаат од Велики четврток до Велика сабота. Посебната недела пред вос-креснувањето на Исус е во знакот на домаќинството, вкусна храна и фарбање на велигденските јајца.
Во различни делови од нашата земја, односно на целиот Балкан, пак, се смета дека јајцата треба да се вапсаат или на Велики четврток или Велика сабота, а дека Велики петок е ден кога ништо не треба да се прави и денот е важно да се помине во молитва.
Иако црквата го прифаќа боењето на јајцата уште од 12 век, сепак на нашите простори оваа пракса се јавила во 16 век. Јајцата кои се боени со црвена боја се традиција уште од дамнина.
Велигденските јајца се обележје на големиот христијански празник Велигден
Јајцата се бојосуваат (вапсуваат) и се украсуваат во текот Велика недела (Ст-расна недела). Во западните земји боењето на кокошкините јајца веќе застарува и сè повеќе се користат јајца од чоколадо или пластични јајца се полнат со бонбони. Тие јајца обично се кријат; наводно нив ги крие Велигденскиот зајак и децата ги пронаоѓаат дури на Велигденското утро.
Бојосаните јајца обично се ставаат во кошница наполнета со слама така што наликува на птичјо гнездо.
Обичаи
Обичај кај сите христијани бил и се уште е дарувањето велигденски јајца. При тоа се водело сметка секој член на семејството и секој гостин да добие јајце со одредена симболика; момчињата и девојките добивале јајце со исцртано венче за да си најдат животен сопатник, а деверот добивал јајце исцртано со будилник или рака со прстен, часовник и цвеќе.
При капењето на децата, во водата се ставало црвено јајце и со него им се триеле челото и образите за да бидат црвени, како симбол на здравјето. Првите бојосани јајца биле наменети за куќата, за Господ и по едно за секој член од семејството.
Се верувало дека токму првобојадисаното јајце има голема заштитна моќ, па затоа било за заштита од градоносни облаци, за подобар род на полињата го закопувале во земја на лозјето или во нивата. Се сметало дека дури и лушпите од велигденското јајце имаат заштитна функција.
Полноќта на Велика сабота, се оди на црква и сите присутни со песната „Христос вос-кресе“ трипати ја обиколуваат црквата. Таму се останува до големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат.
На Велигден рано наутро сите одат во црква за да чујат „Христос вос-кресе“ и да се причестат. По литургијата во црквата, се оди на гро-бишта каде што се остава по едно јајце на гро-бовите за и на мрт-вите да им се каже дека дошол Велигден.
Митови и легенди
Има различни легенди за традицијата за вапсување јајца. Една од нив е дека кога Исус Христос бил рас-пнат на крстот, една кокошка дошла и под него снесла јајце. Кр-вта од лицето на Исус капела врз него и го обоила во црвено.
Затоа и денес првото јајце се бојадисува во црвено, а потоа најстарата жена во семејството со него ги трие децата по образите или им исцртува крст по челата за здравје.
Останатите јајца се обојуваат во различни бои и се цртаат. Сината боја ја симболизира непороч-носта, виолетовата – крстот, зелената – Христовите ученици, а жолтата – самиот Бог.
Друга легенда раскажува за Дева Марија, која им давала јајца на војниците кај крстот при рас-пнувањето на Исус Христос. Таа ги молела да бидат помалку насилни кон Исуса и притоа плачела. Нејзините солзи паднале врз јајцата и ги обележале со точки во цветни бои.
Трета легенда раскажува за Марија Магдалена, која отишла до гро-бот на Исус за да го миропомаза неговото тело. Таа носела со себе кошница со јајца, за да руча. Кога пристигнала во гро-бницата и ги извадила јајцата, нивните бели лушпи, за чудо, биле обоени со боите на виножитото.
Постои легенда дека кога Исус Христос бил рас-пнат на крстот, неговите не-пријатели го гаѓале со јајца. Но, според Божјата волја, штом тие ќе го допреле неговото тело се претворале во црвени јајца. Во чест на таквото чу-до луѓето почнале да ги вапсуваат велигденските јајца црвени.
Друга легенда вели дека Марија Магдалена отишла кај римскиот цар Тибериј и му однела црвено јајце, кажувајќи му ги зборовите: “Христос вос-кресна!” и му раскажала за вос-кресението на Исус.
Во последните децении, особено во Германија, на трпезата се појавува и Велигденски зајак. Една од легендите го објаснува неговото појавување со па-ганската божица Естра – таа претворила една птица во зајак, но тој продолжил да несе јајца.
Друга германска легенда вели дека Велигденскиот зајак од децата криел обоени и насликани јајца во градината. Во Америка децата веруваат дека ако се послушни, Велигденскиот зајак ќе им донесе гнездо, полно со шарени јајца.
Кога го воделе Христос на Голгота, за да биде рас-пнат, во толпата бил и Симеон од Кирин со двете деца. Едниот син – Руфус носел со себе зајче. По едно време крстот паднал на земјата. Потоа се слушнал детски пискот. Се покажало дека крстот паднал врз зајчето и тоа ум-рело.
Трога-телниот плач на момчето го натерал Исус да се сврти и, покрај своите ма-ки, да го допре животинчето и да му направи крстен знак. Зајчето оживеало и испла-шено побегнало. Набргу потоа се појавило под крстот на рас-пнатиот Христос. Кога вечерта учениците отишле да го земат телото на Спасителот, тоа уште било таму, а очите му биле црвени од тага и солзи. Ова зајче луѓето го нарекле Велигденски зајак.