Што се добива кога заедно ќе ги измешате сокот од цвекло, морков и јаболко?

Се добива многу моќен и лековит напиток кој се стекна со светска слава поради своите неверојатно позитивни ефекти врз здравјето. За првпат започнал да се употребува во тредиционалната кинеска медицина за лекување на рак на бели дробови и други болести.

Овде треба да се спомене и прочуениот доктор Рудолф Бројс, кој целиот свој живот го посветил во изнаоѓање на најдобриот природен лек против карциномот.

Тој дошол до заклучок дека малигните туморски клетки можат да преживеат само со помош на “тврда” храна. Осмислил терапија во траење од 42 дена, во текот на кои пациентот смее да консумра само чаеви и посебен сок од зеленчук. Главната состојка се цвеклото и морковите.

Со помош на овој свој метод, тој успеал да излекува преку 45 000 луѓе заболени од рак и други неизлечиви болести.

ОД ЕДНОСТАВЕН ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ, ДО СУПЕР ЛЕК

Овој едноставен напиток своите чудотворни својства ги должи на двете едноставни коренести намирници и јаболкото кое се смета за кралица меѓу овошјето. Нивните лековити својства за многумина од нас се веќе добро познати.

Јаболкото изобилува со витамините А, Б групата, Ц, Е и К, како и со минералите цинк, магнезиум, калиум, фосфор, калциум, натриум и железо.

Благодарение на високиот процент на јаглени хидрати, особено фруктоза и глукоза, јаболкото го снабдува организмот со енергија и спречува умор.

Поради високиот процент на витамин Ц и антиоксиданти, јаболкото има силно имуностимулаторно дејство. Ова овошје е многу ефикасно во борбата против вирусите, бактериите и слободните радикали, поттикнува слабеење и го стимулира празнењето на цревата.

Морковот е познат по витамините А, Б, Ц, Е и К. Содржи минерали калциум, магнезиум, калиум и селен. Претставува природно средство кое го чува видот, намалува ризик од мозочен удар и има силно антиканцерогено дејство.

Цвеклото обилува со витамините А, Ц и Б, како и железо, бакар, магнезиум и калиум. Познато е поради своето благопријатно дејство врз срцето, крвните садови, црниот дроб и целиот дигестивен систем, како и природно средтсво кое заштитува од рак.

ИМ ДАВА НАДЕЖ НА ЗАБОЛЕНИТЕ ОД РАК

Овој напиток ја враќа изгубената надеж меѓу луѓето заболени од карцином. Не само што е докажано прменлив во лекувањето на рак на бели дробови, туку и спречува развој на речиси сите малигни туморски клетки.

Цвеклото содржи аминокиселина бетаин, која има антиканцерогени својства. Цвеклото е исто така, традиционален лек и за леукемија.

ГО ШТИТИ СРЦЕТО И КРВНИТЕ САДОВИ

Овој моќен напиток е голем пријател на срцето, благодарение на комбинацијата од лековитите својства на морковот, јаболкото и цвеклото. Во сокот од морков се наоѓаат фитонутриенти кои го поттикнуваат здравјето на срцето, како што се алфа и бета-каротен, како и лутеин.

Благодарение на јаболкото, напитокот позитивно делува врз зголеменото ниво на лошиот холестерол во крвта (ЛДЛ), го регулира крвниот притисок и го штити срцето од разни болести. Цвеклото им помага на артериите да ја сочуваат еластичноста и докажано го намалува нивото на холестерол во крвта.

ПОТТИКНУВА ЦИРКУЛАЦИЈА И ЈА ЈАКНЕ КРВТА, ШТИТИ ОД СРЦЕВ УДАР

-ја поттикнува дигестијата и помага во слабеење

-свежиот и природен сок од цвекло, морков и јаболко е одличен за дигестивниот систем

-не само што помага во одржување на зравјето на желудникот, туку заштитува и од чиреви

-го регулира празнењето на цревата, поттикнува излачување на токсините од организмот и лекува хронична опстипација.

-овој напиток е природно средство кои помага за здраво слабеење

-го снабдува организмот со богатство од хранливи материи во многу малку калории, а исто така, го продолжува чувството на ситост.

ГО ЧИСТИ ОРГАНИЗМОТ И ГО ШТИТИ ОД ИНФЕКЦИИ

-природниот сок од цвекло, морков и јаболка е ефикасен за чистење на црниот дроб и крвта.

-има алкално дејство врз организмот и помага во чистењето на црниот дроб од отровните, отпадни материи.

-јаболката имаат силни детоксикацицки својства и богати се со пектини

-железото од цвеклото е моќно средство за чистење на организмот од токсините

-напитокот штити од инфекции и го одржува здравјето на црниот дроб, бубрезите и панкреасот.

ГО ОДРЖУВА ЗДРАВЈЕТО НА КОЖАТА

Истражувањата покажале дека напитокот од цвекло, морков и јаболко, содржи сè што е потребно за совршена кожа. Особено помага при проблематична кожа и кожа со акни и митесери. Го успорува процесот на стареење, го враќа сјајот и еластичноста на кожата.

ГО ЗАШТИТУВА ВИДОТ

Со овој напиток можете да се ослободите од проблемот со црвени и уморни очи. Овој сок докажано го штити и негува здравјето на очите и го подобрува видот.

ПРИРОДЕН СОЈУЗНИК ПРОТИВ ЖЕНСКИ ТЕГОБИ

Жените кои имаат силни менструални болки, би требало често да го пијат овој напиток. Помага кај болни грчеви и симптоми на ПМС. Воедно, го надополнува губитокот на железо и го отстранува уморот кои се поврзани со менструалниот циклус.

РЕЦЕПТ

За приготвување на овој чудоворен напиток, не мора да се заморувате со точно одредени количини. Според свој вкус можете да ставите повеќе морков или јаболко.

На пример: 3 јаболка, 3 помали главици цвекло, 3 поголеми моркови. Исцедете го сокот во соковник, а по желба можете да додадете и малку лимонов сок.

Напитокот се пие наутро на гладен стомак, а дури после еден час можете да појадувате. Втората доза испијте до 17 часот, но внимавајте да не го пиете со полн стомак. Препорака е да се пие полека, голтка по голтка. Терапијата би требало да трае непрекинато во текот на еден до три месеци.