Сандра раскажува дека и било дијагностирано автоимуно заболување на штитната жлезда. Станува збор за Хашимото и хипотиреоза, а тврди дека дека потешкотиите не започнале наеднаш, туку дека уште како дете имала здравствени проблеми.
Луѓето кои имаат проблем со функционирањето на оваа жлезда треба да знаат кои намирници се добри а кои се лоши за нивното здравје. Во продолжение, прочитајте ја приказната на Сандра.
Намирници кои ја јакнат функцијата на штитната жлезда се риба, особено плавата, школки и моркси плодови кои содржат јод; Месо, бидејќи ја содржи аминокиселината тиреозин мешунки, интегрални житарици, јаткасти плодови, семки, особено сончогледови, млечни производи со додаток на пробиотски култури, зелен чај, кокосово, маслиново и рибино масло.
Намирници кои треба да се одбегнуваат:
-Глутен: сите намирници кои содржат глутен
-Брокула, прокељ, карфиол, зелка, кељ, ротквици, пашканат, соја – бидејќи содржат тиоурацил и сите гоитрогени намирници бидејќи влијаат врз нивото на хормоните во телото и ја дестабилизираат работата на штитната жлезда.
-Рафиниран шеќер
-Јагоди, праски, батат компир – не се препорачуваат.
Сандра раскажува дека уште како дете па до возрасна жена имала чести анемии и воспалено грло, депресија, големи промени во расположението, вишок на килограми, како и ниска телесна температура (околу 35,5). Не обраќала големо значење на овие симптоми, па не се пожалила од нив на докторката.
„Наутро се будев со чувство како воопшто да не сум спиела“
…Ситуацијата нагло се влоши кога влегов во своите дваесетти години, а притоа голем удел имаше и исклучително стресната работа. Бев многу уморна. Постојано. Тоа чувство на постојан замор и немоќ за мене претставуваше целосно безизлезна ситуација, бидејќи никому не можев да објаснам како всушност се чувствувам. Наутро се будев со чувство како воопшто да не сум спиела.Едвај се извлекував од креветот, а чувството на свежина и наспиеност за мене беше непознатост.
Утрото за мене претставуваше продолжеток на ночниот кошмар – постојано чувство на замор. Мојата здравствена состојба достигна кулминација во 2012 година. Тогаш, веќе истанчената коса почна забрзано да ми опаѓа. Покрај тоа имав мигрена која траеше преку 20 дена, добив мелазма (хиперпигментација) на лицето, многу тешко ја одржував донекаде прифатливата тежина и ми беше јасно дека сигурно нешто се случува со моето здравје.
Конечната дијагноза ми даде чувство на олеснување, но и очај.
Тестовите кои ги направив покажаа дека станува збор за Хашимото, автоимуна болест на штитната жлезда. Имав преку 2000 антитела (а границата на референтната вредност е 30) и зголемен ТСХ 7 (референтна вредност е 0,274,2) што укажуваше на успорена работа на штитната жлезда, т.е. хипотиреоза.
Иако во прв момент почувствував олеснување бидејќи моите проблеми добија име и причина, тоа чувство наскоро го замени чувство на целосен очај. Чекајќи термин кај доктор специјалист, почнав да читам научни истражувања, овјави по социјални мрежи од луѓе со мојата болест, како и искуства и студии направени од лекари, па многу брзо сфатив дека тоа кај нас е тотална непознатост. Добиваш лек Т4 хормон и толку, понатаму не знаат објективно да те упатат како до подобра состојба. Човек мора сам да истражува за да го подобри своето здравје.
Промена на исхраната е клучна за оздравување!
Во следните неколку седмици целосно ја променив мојата исхрана, се префрлив на Палео, што беше клучен чекор кон моето оздравување и многу важен дел од лекувањето, особено за Хашимото, бидејќи антителата драстично се намалија.
Уште една многу важна работа беше сончањето и витамин Д како и витамин Б12 и феритин. За мојот проблем најважни се витамините и минералите, со кои антителата се намалија и ги оптимизираа хормоните на штитната жлезда. Мојата жтитна тироида беше доста уништена па морав да започнам со хормонска терапија. Токму таа терапија претставува проблем меѓу заболените. Лично користам NDT ¬Naturad Desiccated Thyroid кој се добива од свинска штитна жлезда, а ги содржи сите хормони кои ги произведува една здрава тироида: Т4, Т3, Т2, Т1 и калцитонин, за разлика од само една класична терпија која најчесто се користи, како на пример Euthyroxa кој содржи само Т4 хормон.