Потребни состојки за кора:
3 белки
150 г шеќер
100 г брашно
150 г мелени ореви
150 г сечкани ореви
За фил:
3 жолчки
150 г шеќер
100 г брашно
6 големи лажици густин
1 литар млеко
1 путер или маргарин
За чоколадна глазура:
100 г чоколадо
50 г путер/маргарин
За прелив:
300 мл вода
3 лажици шеќер
1 мала чашка рум
Постапка:
Белките изматете ги во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Потоа со лажица додадете брашно, мелени и сечкани ореви. Смесата поделете ја на три дела, а потоа со влажни дланки полека нанесувајте врз фолија или хартија за печење или од задниот дел на тепсијата. Ова оди малку потешко зошто треба да се развлече тенка кора и почесто да се навлажнуваат рацете.
Корите се печат на умерена температура околу 15 минути, додека да заруменат во тепсија со величина од околу 25х35 см.
За фил:
Жолчките изматете ги со шеќерот. Додадете брашно помешано со густин, па од литар млеко одземете околу 200-300 мл млеко и додадете во таа смеса.
Гответе околу 15 минути во преостанатото млеко на умерена температура, со постојано мешање да не загори.
Добиениот крем оставете го да излади. Пенасто изматете го путерот и во него постепено додавајте го филот со непрекинато миксање.
За прелив: измешајте ги состојките и ставете да оган да зоврие.
Првата кора ставете ја на тацна или во тепсијата прелијте одозгора со шербетот, почекајте малку да впие, па можеби и малку повеќе. Корите ќе бидат тврди, но потоа ќе омекнат од преливот и филот. Нанесете третина од филот, па повторете ја постапката се до врвот каде се прелива со чоколадна глазура.