Многу се вкусни, меки и крцкави!
Потребни состојки: 750 г компир пире (што ви останало од претходниот ден, не мора специјално да правите), 1 јајце, 1 лажица сув зеленчук (вегета), 5 лажици ситно сечкан магдонос, 3 лажици презла, 3 лажици остро брашно, 1-2 чешниња сечкан лук (или во прав), црн пипер по вкус, 1 главица кромид и 50 г сув домат
Постапка: На малку масло испржете ситно сечкан кромид додека да застакли и омекне. Процедете го од маслото и ставете го на хартиена салветка да се впие вишокот маснотија.
Исечкаје го сувиот домат. Компир пирето само малку загрејте го ако е изладено, за полесно да се соедини со другите состојки. Додадете ги сите останати состојки и промешајте за да се распоредат рамномерно.
На набрашнета работна површина обликувајте ги ќофтоњата, валкајте ги од двете страни и редете ги врз хартија за печење, или врз работната површина. Пржете ги на малку масли, на умерена температура, околу 4-5 минути додека да добијат златно кафеава боја.