ШЕЌЕРОТ ПАЃА…Овој рецепт со црн дроб е вистинко богатство…го омекнува и прави сочен…се топи во уста…Црниот дроб, кој често се занемарува во модерната кујна, е моќна намирница во исхраната.
Преполн со есенцијални витамини и минерали, тој е како природен мултивитамин!
Плус, црниот дроб е фантастичен извор на висококвалитетни протеини, што го прави задолжителен за секој што сака да одржува урамнотежена исхрана и стабилно ниво на шеќер во крвта.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г пилешки црн дроб
70 мл млеко или по потреба
3 варени јајца
3 свежи јајца
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 голем морков
1/2 китка зелен млад кромид
1 рака свеж магдонос
6 лажици мелени овесни снегулки
сол, црн и црвен пипер
30 г рендан кашкавал/пармезан
ПОСТАПКА:
1.Џигерчињата исечете ги на помали парчиња и потопете ги во млеко колку да бидат прекриени. Оставете ги 20 минути во фрижидер. Потоа процедете ги, налијте ладна вода во тенџерето и варете ги додека да омекнат.
2.На малку масло издинстајте зеленчук: ситно сечкан кромид, лукче и рендан морков, додека да омекне.
3.Варениот џигер извадете го со решеткава лажица и исечете го на ситни коцкички. Додајте го во динстаниот зеленчук.
4.Додајте ситно сечкан млад кромид, магдонос, рендани јајца, мелен овес и зачинете по вкус. Потоа скршете три јајца и сето добро измешајте го.
5.Тава со средна големина намастете ја со масло, па сипете ја целата смеса и распоредете ја. Печете под капак 20 минути на ниска температура, само од едната страна.
6.Некаде при крајот од печењето посипете одозгора рендан кашкавал (не се превртува). Питата од џигер можете да ја печете и во рерна на 170 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.