-лош холестерол, детоксикација на организмот, средства за интимна хигиена, интолеранција на глутен – сето ова ви нанесува повеќе штета отколку корист

Медицината никогаш порано немала толку многу дијагнози, па ни толку лекови, па врската меѓу фармацијата и профитот е очигледна. Природните лекови се’ повеќе се забораваат и потиснуваат на страна, додека синтетичките се препишуваат за сите видови на болести.

Овие денови наводно постојат бројни нови пореметувања, застрашувачки здравствени состојби и ментални болести кои го привлекуваат вниманието и создаваат атмосфера на страв и грижа за здравјето. Она што го јадеме не’ убива, она што го дишеме не’ убива, па дури и Wi-Fi и водата за пиење претставуваат смртна опасност.

Често станува збор за застрашување поттикнато од страна на фармацевтската индустрија, на која драмата и помага во продажба на производите и создавање на профит на сметка на лековерната јавност.

-Крајната цел на владеачкиот систем е да секоја побуна против него се оквалификува како ментално пореметување, па со помош на на фармацевтската мафија здравите луѓе ги претвори во болни, кои исто така ќе се третираат само како „расипани машини“ и извор на профит – тврди францускиот парламентарен застапник и лекар – Бернард Дебре.

Тој е ко-автор на книгата „4.000 корисни, бескорисни и опасни лекови“ во која истакнува дека половината лекови на рецепт во западната медицина се потполно непотребни и неефикасни, а 5% од медикаментите се опасни за здравјето.

ЛЕКОВИ – ПРИКАЗНА ЗА ИЗМАМАТА

Станува збор за своевидна „борба со ветерници“ бидејќи на другата страна се капиталот и фармацевтсската индустрија, како и целиот здравствен систем чие што уредување тоа го поддржува. Во здравството, на прво место тоа се однесува за заработката на фармацевтската индустрија.

ВИСТИНСКИ БОЛЕСТИ ИЛИ ИЗМИСЛЕНИ?

1.Денес се сите пречувствителни на глутен

Глутен е протеин кој се наоѓа во пченицата, му дава еластичност на тестото со што му помага да се подигне и да го задржи својот облик. Освен во пченицата се наоѓа и во ’ржот, јачменот и овесот. Повеќето прехрамбени намирници содржат глутен, од леб, тестенини, слатки до разни индустриски прехрамбени намирници. Вниманието кое го привлече глутенот не настана толку поради приказната за целијакија, туку поради контроверзните студии кои тврдат дека човековото тело не е способно да го дигестира глутенот во онаа мера во која ние го внесуваме.

-За тоа не постојат реални и прифатливи здравствени докази. Докажано е дека на некои луѓе им пречи глутенот, како и дека повеќето луѓе нормално го дигестираат – вели д-р Закерброт.

2.Халитоза (лош здив) е измислена болест

Поради лош здив се повеќе луѓе посетуваат лекари кои им препишуваат специјални пасти и водички за испирање на устата, за што индустријата заработува огромни пари. Но, експертите тврдат дека здивот во повеќето случаи се обична измислица и дека е природно во здивот да се чувствува одреден мирис и дека таа состојба најчесто може да се поправи со внес на повеќе вода и промена на исхраната.

Непријатниот здив наутро се победува со четкање на забите или консумирање на одредена храна и течности. Поврзан е со намалување на лачењето на плунка и зголемена активност на микроорганизмите преку ноќ.

3.Лекови за детоксикација

-Додатоци во исхраната и разните препарати за детоксификација на телото и слабеење се едно од најбрзорастечките пазари на светот -вели д-р Ник Фулер од Универзитетот во Сиднеј.

Тој истакнува дека за нивното делување постојат многу малку докази. На пример, многу се популарни детокс-производите на база на чичково млеко и глуварче, но нема студија која го потврдува нивниот ефект.

Фулер вели дека црниот дроб природно ги елиминира несаканите материи во телото низ измет и урина, а консумирање на скапи лекови не само што може да помогне, туку и го оптеретува црниот дроб со дополнителни соединенија кои мора да ги разгради.

-Она што мора да го направите е да одбегнувате алкохол и да се храните здраво, а ако веќе сакате да се детоксифицирате, во тој случај користете природни чаеви, овошје и зеленчук – вели Фулер.

4.Испирање на вагината не само што не е добро, туку и опасно

Вагината не треба да мириса како парфимерија и не треба да ги третирате како нешто што треба да се поправи. Значи, заборавете на миризливите бањи или посебни чистачи за испирање на вагината на кои индустријата се повеќе заработува, бидејќи било кој производ кој може да ја промени вашата рН рамнотежа може да предизвика и појава на габички.

5.Намалување на лошиот холестерол спречува болести на срцето

Можеби еден од најголемите здравствени митови е злоупотребата на измислениот термин „лош холестерол“. Никогаш не е докажано дека холестеролот предизвикува болест на срцето, туку напротив, холестеролот е од витално значење за телото и било каков обид за негово намалување може да има погубни последици, особено како што старееме.

Станавме опседнати со консумирање на храна со низок процент на холестерол и масти, па сега многу експерти се прашуваат кои се последиците од тоа, како и од бројни лекови кои се консумираат за намалување на холестеролот.

6.Депресија, или сепак не?

Британските научници тврдат дека “Prozak”, “Seroxat” и слични антидепресиви делуваат како лажни плацебо лекови. Денес секој четврти човек во западниот свет е депресивен – а се наметнува прашањето како е тоа можно и зошто немаше толку депресивни луѓе порано?

Преголема концентрација врз себеси и сопствената среќа на многумина им дава илузија дека се болни, иако можеби само се наоѓаат во природна, полоша животна фаза. Антидепресивите се вештачки лекови кои имаат тешки нуспојави и предизвикуваат зависност за разлика од природните алтернативи.

Следниот пат пред да навалите на лекови или сами себеси да си дадете дијагноза, обидете се работите да ги гледате пореално и да го намалите бројот на лекови кои ги пиете, додека не ви ги препише лекарот.