Фото и рецепт: Блага Јованова, Родна Трпеска
Потребни состојки:
2 јајца
½ шолја од 250 мл шеќер
125 г путер / маргарин
½ шолја гриз
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
2 шолји брашно
Постапка:
2 јајца се матат со половина шолја шеќер од 250 мл, па се додава 125 г путер или маргарин, половина шолја гриз, едно печиво и ванилин шеќер и се замесува со две шолји брашно.
Од тестото се кине по малку тесто, се формираат топчиња. Топчињата се шараат со дршката на лажиче за кафе, а врз секое топче се става орев или лешник.
Колачите се печат на 220 степени во загреана рерна, 20 минути да заруменат.
Потоа се ладат и се попаруваат со шербет: 3 шолји шеќер со 3,5 шолји вода да врие 10-15 минути.
Шербетот ладен, а колачите врели.
Фото и рецепт: Блага Јованова, Родна Трпеска
Од Македонска кујна, некогаш и денес
Фото и рецепт: Елена Мишковска
2.Рецепт:
1 путер или маргарин (250 г) се мати со 3 жолчки, 1 цело јајце, 3 супени лажици шеќер, 3 лажици ладно млеко. Се додава 450 г брашно и 1 прашок за печиво.
Се замесува мазно тесто, се кинат 24 парчиња, се обликуваат по желба со рака, па се редат во намастен плех. Врз секое колаче се боцка лешник, орев, лупен бадем по желба, па се печат на 180 степени да заруменат.
Се парат врело на врело.
Шербет: 4 чаши шеќер, 3 чаши вода, 2 лажици сок од лимон. Се остава да врие 5 минути.
Фото и рецепт: Елена Мишковска
Од Македонска кујна, некогаш и денес