Фото и рецепт: Бети Манева
Потребни состојки:
3 филџанчиња гриз
3 филџанчиња топла вода
3 филџанчиња масло
1 прашок за печиво
1 коцка квасец
Брашно по потреба, нешто повеќе од половина килограм.
Постапка:
Во брашното направете вдлабнување во кое ќе го издробите квасецот со топлата вода, ќе почекате да се активира и ќе замесете меко, мазно тесто кое не лепи на раце.
Тестото поделете го на два дела. Во едниот дел додадете 3 големи лажици какао, а по вкус можете и цимет. Во белиот не мора ништо да ставате, но може кокос и ореви. За да бидат уште помали јас ги поделив уште еднаш и добив 4 бели, 4 црни.
Се сучат правоаголни корички и се редат една врз друга наизменично: бело- црно; црно – бело…
Потоа се сечат парчиња и се редат во плех. Се печат во загреана рерна на 200 степени кратко време. Бидејќи излегуваат многу, не мора сите одеднаш да ги попарувате со шербет. Непопарени стојат подолго време, па по потреба можете да си сварите шербет.
За шербет: 1 кг шеќер и 1 литар вода, рендана кора од лимон и ванилин шеќер. Да зоврие и да врие уште неколку минути. Колачите ладни се попаруваат со топлиот шербет.
Колачите не стасуваат, зошто додека едните се печат, другите си стасуваат.
Фото и рецепт: Бети Манева