Потребни состојки:

6 белки

24 лажици шеќер

малку помалку од 100 мл вода

прстофат сол

За кора:

6 жолчки

6 лажици шеќер

6 лажици брашно

6 лажици млеко

6 лажици млеко

6 лажици масло

1 мала лажичка прашок за печиво

Постапка:

Прво направете ја кората. Изматете ги пенесто жолчките со шеќер, па додадете млеко, масло, брашно и прашок за печиво.

Во обложена тепсија 30 х 20 со хартија или намастена и набрашнета, излејте ја смесата и печете околу 15 минути на 200 степени. Изладете, извадете од хартијата и поставете на тацна.

За шаум: ставете шеќер во еден сад, додадете вода, па варете додека да зоврие, па намалете ја температурата.

За тоа време изматете ги белките со прстофат сол во цврст снег.

Полека додавајте го топлиот шербет во снегот од белки со постојано матење.

Но не одеднаш! Прво по 2-3 лажици, па  додавајте повеќе и се така додека се потроши. Матете на најголема брзина најмалку 10 минути.

Проверете со лажица: црпнете и превртете, ако не лизга од лажицата туку стои цврсто, тогаш е добро изматено.

Врз изладениот бисквит ставете ја шампитата и израмнете, па наросете со чоколадо во прав, но и не мора…

Исечете и ставете во фрижидер да излади.

Ако сакате да ја зголемите количината: на 1 белка одат 4 лажици шеќер.