Магично семе: ги зголемува градите кај жените, претставува природна вијагра за мажите, лекува дијабетес…

Пискавецот е една од најстарите лековити билки која датира уште од времето на старите Египќани и Хипократ.

Пискавица, пискавец, грчка детелина се само некои од називите на оваа билка (Trigonella foenum-graecum) и може да се сврсти во природните чуда од античко време кога била извонредно фалена и ценета.

Во лекувањето и исхраната се користи неговото семе кое е неизбежна состојка во популарниот кари и други зачински мешавини кои се многу популарни во Индија и во Средниот Исток.

ГОЛЕМА НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ

Пискавецот е богат извор на протеини, минерали, витамини и фитонутриенти.

Меѓу лековитите соединенија се набројуваат: колин, тригонелин диосгенин, јамогенин, тригогенин и неотригогенин.

Од минералите содржи: бакар, железо, магнезиум и манган.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА

Постојат неколку начини за употреба на ова корисно семе.

-Во западната хербална медицина, се пие во облик на чај за исфрлање на вишокот слуз од синусите, грлото, белите дробови и горниот респираторен тракт.

-Делотворно е против алергии и грозници.

-Кога се користи во прав, до израз доаѓаат неговите длабински својства и станува вреден тоник и суперхрана.

-Го стимулира метаболизмот на црниот дроб и бубрезите, и општо го загрева телото.

-Ја смирува и лекува слузокожата на респираторниот, дигестивниот и урогениталниот тракт.

-Го намалува холестеролот во крвта по само 10 дена консумирање.

КАКО ЛЕК ЗА ДИЈАБЕТЕС И ВИСОК ХОЛЕСТЕРОЛ

Ако имате проблем со холестерол или шеќер во крвта, пискавецот нека ви биде меѓу првиот избор за отстранување на овие тегоби.

Со негова помош се остваруваат одлични резултати во лекувањето на дијабетесот. Се воспоставува рамнотежа на шеќерот во крвта кај двата типа на дијабетес, благодарение на аминокиселината 4-хидрокси-изолеуцин, која го контролира лачењето на инсулинот.

И модерните истражувања го одобруваат традиционалното користење на пискавецот со цел намалување и контролирање на шеќерот во крвта.

Според некои наоди консумирањето на 50 г црно семе на ден во просек доведува до 30% подобрување во рок од само 10 дена.

Популарно е и кај третманите со кардиоваскуларни проблеми, бидејќи го намалува холестеролот и нивото на триглицериди, па помага и против атеросклероза и крути ѕидови на артериите.

За оваа цел се препорачува доза од 10 до 20 г дневно.

ОДЛИЧЕН ТОНИК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРЕВАТА

Пискавецот во лекувањето на дигестивниот тракт делува на неколку начини: ја стимулира дигестијата, го буди апетитот и го остранува вишокот на слуз.

Со своите лековити состојки ја штити и лекува слузокожата, ги намалува коликите и грчевите, а ја потикнува перисталтиката на цревото.

Како горчлив тоник има поволен ефект врз црниот дроб и слезината бидејќи го подобрува нивниот метаболизам.

Се користи при тешка дигестија, намален апетит, слабост, колики, дијареа и зголемен црн дроб и слезина.

Како и да се приготви и користи, има тежок и горчлив вкус.

Консумација

Можете да го консумирате како додаток во секојдневната исхрана – измешајте две големи лажици од ова семе со јогурт или овошен сок или, пак, пригответе го како чај.

Чајот од пискавец можете да го приготвите на следниот начин:

Ставете 2 лажици пискавец во 200 мл ладна вода. Оставете го садот на оган додека да зоврие, а потоа тргнете го и оставете го да отстои поклопено 20 минути со повремено мешање. На крајот процедете.

Во чајот од пискавец додадете малку домашен мед или лимон, по желба. Пијте го полека, во голтки. Не пијте повеќе од 2 шолји чај на ден.

Природно зголемување на градите

Иако звучи неверојатно, пискавецот има неверојатен ефект врз женските гради. Имено, има својство да ги зголемува градите кај жените, бидејќи содржи фитоестроген, кој влијае врз растот на дојките и задржување на течности во ткивото.

Постојат 2 начини за да примена:

–првиот е масажа, а

–вториот е консумација во вид на чај. 

Она што ви е потребно е да оставите пискавецот да отстои во вода преку ноќ. Следниот ден со таа вода масирајте ги градите.

 Чајот за зголемување на гради можете да го приготвите на погоре наведениот начин.

Доење

Покрај тоа што се користи за убавина, пискавецот е добар и за доење бидејќи го поттикнува производството на млеко, го смирува бебето, а на овој начин тоа добива и поголема количина на железо и му помага во растењето.

 Сепак, добро е да се консултирате со вашиот лекар и педијатар.

ПМС

Пискавецот ги намалува и тегобите од ПМС.

Природна „вијагра“ за мажите

Покрај тоа што им помага на жените, ова семе е добро и за мажи поради состојката диосгенин. Истата ја зголемува половата моќ и лекува многу полови проблеми.

Во едно истражување, било откриено дека сексуалната моќ и желба кај мажите се зголемува за 30 %, по само шест седмици консумирање на екстракт од пискавец.

Кожа

Како облога помага и при воспаленија на кожата (чиреви, апцеси).

Коса

При опаѓање на косата масирајте го темето со семе од пискавец сомелено во прав измешано со маслиново масло.