Додека се пржат овие старински, „селски“ колачи, цела куќа замирисува прекрасно, а мирисаат и до соседите. Тие се омилените „уштипци“ кај мене дома. Потребните состојки секогаш ги имам дома и за пет минути ги приготвувам за своето семејство и пријателите.




Во тестото се додава и едно јаболко, исечкано на ситни коцки, а неговата арома во комбинација со ванила, прави пријатен амбиент во топлиот амбиент, особено зимно време. Рецепт на Ивана од „Шерпица“, а еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јаболко (излупено и исчистено од семки), 1 јајце, 250 мл јогурт, 250 г брашно, 5 г прашок за печиво (1/2 кесичка), 3 лажици масло, 1 кесичка ванилин шеќер (или екстракт), малку сол (на врв од лажичката), 1 лажица шеќер, околу 250 мл масло за пржење за помало тенџере (мин 2 см длабочина). Се валаат во 2-3 лажици кристал шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер




ПОСТАПКА: Во еден длабок сад или чинија изматете едно јајце со една лажица шеќер. Матете со виљушка додека шеќерот започне да се растопува. Потоа додајте сол, изматете, па додајте го јогуртот и маслото.




Добро изматете со виљушката додека сите состојки убаво да се соединат во хомогена, течна смеса. Потоа додајте две ипол шолји брашно или 250 г ако го вагате. Додавајте го постепено за да можете полесно да го изматите.




Сосем на крај додајте половина кесичка прашок за печиво. На крај треба да добиете убава компактна смеса, меко и растегливо тесто. Јаболкото излупете го и исчистете го од семки, а потоа исечкјате го на ситни коцкички, нешто помали од „залак“.




Промешајте уште еднаш, а потоа покријте ја смесата со кујнска крпа и оставете да се одмори 5 минути, таман додека маслото се загрее на умерена температура. Потоа, црпете од смесата со една лажица, а со друга подбутнете ја во загреаното масло.




Уштипците пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат. Вадете ги во чинија обложена со хартиена салфетка, па валајте ги во мешавина од кристален шеќер и ванилин шеќер (додека се топли). Ако ги наросувате со шеќер во прав, тогаш почекајте малку да се оладат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.