Секој ден си готвам тиквички…Никој не ми верува колку е лесно, а сите се воодушевени од вкусот…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 тиквички

За прелив:
3 јајца
сол, црн пипер
150 мл млеко
50 г рендан кашкавал
20 мл масло
90 г брашно
зелени билки, лук во прав

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад изматете ги сите потребни состојки за преливот додека да добиете мазна смеса без грутчиња.

2.Исечканите тиквички сипете ги во намастен огноотпорен сад и залијте ги со преливот.

3.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/zGVu8sX7U4M?si=s-qhpJnbPKwWFisu